“Шарената револуција за мене беше релација Прилеп-Скопје. Скоро секој ден во Приле качен на бина со моите соборци се боревме за исполнување на барањата на Шарената револуција. Барањата беа исполнети, но целите продолжуваат и понатаму. Ние имаме долга и тешка борба после сè ова што може да се види од она што се случува последните 5 години за да се испорача концептот на Шарена револуција. Пред сè тука мислам на правда, што веќе се наѕира. Многу од тие што беа дел од режимот е зад решетки и ние тоа не смееме да го занемариме и да го заборавиме“, изјави активистот Јане Ѓорѓиоски на настанот на ЦИВИЛ по повод одбележување на пет години од Шарената револуција.
„Треба да се фокусираме на испорачување правда, слобода веќе имаме. Секој може да си го каже своето мислење, а тоа она за кое јас најмногу се борев“, додаде Ѓорѓиоски.
монтажа: Ариан Мехмети