По завршувањето на состаноците во Грција, специјалниот посредник на ООН, Метју Нимиц, денес во Скопје, дојде само со еден предлог за името – Република ГорнаМакедонија, според неофицијални информациите што ги добивме од грчките медиумски кругови.
Наводно, ова име е најприфатливо решение за грчката страна.
Информациите тврдат дека е постигнат грчко-македонскиот пакт и веќе е елабориран од двете земји кои се согласија за сè: во блиска иднина ќе биде потпишан договор за името, за промена на Уставот и за откжување од барање на имоти. До 20 март договорот ќе биде депониран кај ООН, велат извори.
Д.М.