• Latest

Градоначалник пријавен за обид за силување?

January 16, 2017
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Градоначалник пријавен за обид за силување?

January 16, 2017 17:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По веста која ја пренесе ТВ 24 Вести, дека вработена во Општина Пробиштип го пријавила градоначалникот Тони Тоневски за обид за силување, ЦИВИЛ Медиа се обиде да стапи во контакт со градоначалникот, како и со полициската станица во  Пробиштип, со потпаролот на СВР Штип, и со штипското Јавно обвинителство, меѓутоа, никој од нив не даде никаков конкретен одговор!

Според ТВ 24 Вести, случајот е пријавен на 12-ти јануари, а ден подоцна, вработената во Општината дала исказ во пробиштипската полиција.

Од полициската станица во Пробиштип на прашањето на ЦИВИЛ Медиа кусо одговорија дека од нас „прв пат слушаат за вакво нешто“. И потпаролката на СВР Штип, во кусиот разговор изјави дека сé уште нема никаква информација,

И од Општина Пробиштип добивме одговор дека „денес нема никој кој би можел да даде изјава, вклучително и градоначалникот“.

Градоначалникот Тоневски на својот Фејсбук профил вчера објави демант на веста.

„Згрозен сум од прилогот на Телевизија 24 Вести за наводен обид за силување на вработена во Општината. Во целост ги демантирам сите искажани наводи во прилогот на споменатиот медиум. Тврдам дека не постои никаква пријава за обид за силување бидејќи такво нешто воопшто се нема случено. Ова е само обид за нарушување на мојот личен и политички углед, но се надевам дека во текот на утрешниот ден со официјалните информации од надлежните служби сето ова ќе биде расчистено“, напиша Тоневски.

Откако градоначалникот ги демантираше обвинувањата на социјалните мрежи и во дел од медиумите, уследи лавина коментари за поддршка на градоначалникот од неговите поддржувачи.

Меѓу ваквите коментари, вниманието на граѓанска новинарка од Пробиштип, соработничка на ЦИВИЛ која сака да остане анонимна, го привлекол Фејсбук постот на ученик-средношколец, кој му изразува целосна поддршка на градоначалникот Тонески, во име на Средношколска унија во неговото училиште во Пробиштип!?

„Го читам, го препрочитувам и не можам да им поверувам на сопствените очи. Дали нешто не е во ред со мене? Зарем светот дотолку стана извитоперен, што во политички игри се мешаат и ученици? Зарем и децата ќе ги користиме како партиско оружје, и од нив ќе правиме партиски поданици уште од најмали нозе?“, ни пишува граѓанската новинарка.

 

Tags: ГрадоначалникпријаваПробиштипсилување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ