• Latest

Графити како начин на јавна комуникација: Екстремен говор на омраза по етничка основа

September 5, 2024

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Графити како начин на јавна комуникација: Екстремен говор на омраза по етничка основа

September 5, 2024 15:04
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на свежо понудениот говор на омраза МРТОВ ШИПТАР ДОБАР ШИПТАР на ѕидовите на кино Маџари, да се потсетиме дека оваа форма за „дијалог“ одамна опстојува како начин да се пренесе порака на непожелност и нетрпеливост по етничка основа.

Маџари, 2019 (фотографија од граѓански новинар)

Населбата Маџари е позната по ваквиот начин на комуницирање. Имено, не толку одамна на една продавница во населбата можеше да се види графитито „Свинско за Рамазан“ и „Шиптарски п***“, покрај натписот „Комити Маџари“.Пријавата од граѓански новинар што ја објави тогаш ЦивилМедиа беше проследена со осуда од дел од читателите.

„Ова се нечесни и валкани дела на некои мои соседи, кој го отсликува нивниот неморал, неукост, вандализам, национална и верска провокација, за кое нема и не треба да има место во нашето општествено уредување“, вели тој.

Слична порака минатата година осамна и на објектот на Домот на културата „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје.

Графити на Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје (фото ЦИВИЛ)

„Чиста Македонија“ и „Смрт за шпони“ го красеа Домот извесен период до објавата на ЦивилМедиа, по што надлежните го префарбаа ѕидот.

За појаснување шпон/и се користи за навреда кај Албанците иако преводот на македонски јазик на самиот збор не го покажува тоа(деланка, ситен остар отпадок, делче од некој материјал при неговата обработка или распрскување, обично при обработка на железо).

Избришан графит, Дом на култура „Кочо Рацин“, 2023 (фото ЦИВИЛ)

„Позитивниот пример со Домот на културата „Кочо Рацин“, се надеваме дека ќе им послужи и на надлежните во Општина Гази Баба – не само да ги избришат овие графити, туку и да преземат мерки за санкционирање и превенција од говорот на омразата. Се разбира, тоа уште повеќе се однесува на институциите на национално ниво“, гласи изјавата на претставниците на ЦИВИЛ по повод овој случај.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации. ЦИВИЛ во континуитет ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството и бара од надлежните органи да преземат чекори за санкционирање, но и превенирање од говор на омраза. Говорот на омраза не смее да се толерира, етничката омраза мора да се надмине! – е често повторуваниот став на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

Tags: говор на омразаграфити
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ