• Latest

Грчев: „Скопје 2014“ како Холокауст туризам, луѓето да видат што не треба никогаш да се повтори

July 7, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Грчев: „Скопје 2014“ како Холокауст туризам, луѓето да видат што не треба никогаш да се повтори

July 7, 2023 13:25
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Скопје 2014“ е одраз на вграден криминал кој се манифестира преку неквалитетни зафати, погрешна градба, непочитување на основни градежни правила на градењето вели во интервју за Градска.мк архитектот и професор Мирослав Грчев.

-Знаете, мојата прва реакција, прв натпис и први изјави во јавност за овој проект беа во есента 2006. Речиси и да бев потполно сам во критиките се до 2014, така што може да се каже дека молчеа и еснафот и професионалните заедници, затоа што не е во прашање само архитектонската, туку овој проект  засега во историската, во различните области на културата, конечно прави атак врз вкусот, врз мајсторството не само архитектонското туку и скулптурално, коментира Грчев.

Тој додава дека со проектот „Скопје 2014“ се фалсификува историјата, се врши паралелно атак и приватизација а воедно и партизација- користење во партиски цели на целиот јавен простор.

-Наеднаш една партија ја киднапира целата власт меѓутоа не и е доволно да се занимава само со придобивките на една оробена, ограбена и киднапирана држава, колку и да е мала нашава државичка, туку амбицијата на Груевски и таа клика беше, а и се уште е да го пресоздаде комплетниот светоглед, самочувство, историја, да им ги замени вистинските херои, основачи на нацијата, создавачи на јазикот и културата. Знаете, подбивањето со името и делото на Блаже Конески, којшто е еден од малкуте гении што го роди овој народ и може да се нарече татко на модерниот, стандардниот македонски литературен јазик, тие го нарекоа џуџето од Небрегово, пејоративно, тој однос кон јазикот, еден потценувачки е дел од таканаречениот проект Скопје 2014, вели Грчев.

Тој додава дека тоа е една цела огромна злоупотреба на државата којашто е позната само во тоталитарни системи и според своите внатрешни претпоставки, елементи и структурални, градбени свои суштини, таа е фашистичка по својата идеолошка потка. Затоа што, според Грчев,  само во големите фашизми во 20 век ја гледавме таа желба да за кусо време се избрише модерното, се наметне едно специјално големџиство во коешто се воздига народот но само за да се потчини, за да се претвори во слеп поданик.

-Се вели ,, Овој народ е избран“ така правеше Хитлер, така правеше Мусолини, така правеа многумина по нивната рецептура, така правеа и Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Дека сме ние избран народ, директни наследници на најголемиот од сите освојувачи, полубогот и фараон Александар III Македонски и таа неверојатна, авторитарна диктаторска финта, воздигнувајќи го народот го претвора во фетиш којшто е над секој поединец и еден народ, една држава, една партија, еден водач при што сите поединци, граѓани, жители, индивидуи се ништат. Тие се тука за да го овозможат единството на државата, коментира архитектот.

Грчев посочува дека не само што не била прашана стручната заедница, туку тогашната власт не го консултирала мниту врвниот професионалец и доајен на архитектурата проф. Ѓорги Константиновски, кој според него е еден од нашите најдобри, најискусни, трофејни архитекти.

фото: Дехран Муратов

-Човек кој би требало во струката и за струката, секој нормален да го почитува и слуша, ако мене Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ме дисквалификуваат бидејки сум традиционално од левата, сдсмовската политичка опција и на тој начин моите стручни аргументи и мојата докажана експертност, искуство и референци во струката да ги дискредитираат, да ги неутрализираат. Во што и не мораа да се трудат затоа што во тоа време практично сите институции на државата без исклучок, заедно со судската власт, медиумите беше под раката на таа една гарнитура, една партија којашто одгледуваше фашистичка, тоталитаристичка идеологија и практика на владеење. Последиците  во сите сфери се катастрофални. Онаа за која практично не би требало тука да се зборува бидејки темата е повеќе архитектурата, културата, урбанизмот, меѓутоа таа е на прво место, појаснува Грчев.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски го уништија уставниот поредок со злоупотреба на институциите, трајно и структурално ги декапацитираа демократските и стручните институции на државата. Потоа, воведоа државен криминал што е најстрашната работа бидејки државата постои за да воспостави поредок од којшто најголемиот дел од граѓаните имаат полза и да ги гарантира благосостојбата и еднаквоста пред законот. Тие тоа го уништија, самата суштина на постоењето.

-Потоа го дисперзираа криминалот и корупцијата, го дисперзираа по линијата на извадувачи и инволвирани. А знаете, во градежништвото а посебно овој вид на градежништво којшто подразбира и инфраструктура и супраструктура и оние завршни елементи па дури и масивната употреба на ликовните и визуелни уметности. Тое е валкање на пари, погрешно се употребува поимот перење на пари бидејки тоа е валкање затоа што парите кои се трошат на криминална употреба, корупција излегуваат од буџет. Тие се најчистите, најсветлите  пари затоа што се собрани од населението на име на данок, тоа е јавна пара. Значи тие се валкаат. Има еден механизам, одат во проекти во коишто секој чекор, уште кога владата одредува дека средствата ќе одат во министерство за култура за одреден споменик, владата уште при одлуката го крши уставот затоа што таа не е задолжена да одлучува за споменици, тоа го може само собранието. Втор чекор, го поништува најважното својство на демократијата односно поделбата на три власти, додава Грчев.

Фото: Дехран Муратов

Според Грчев „Скопје 2014“ е Холокауст туризам, затоа што музеите на холокаустот се трудат да имаат политика на незаборав за да холокаустот никогаш не се повтори.

-И тие таа политика ја спроведуваат на единствен можен начин со анимирање на млади луѓе и воопшто туристи и постои веќе еден декадентен туризам којшто оди да гледа како не треба и не се однесува само на таа света мисија која ја употребувам како крајност. И таму одат милиони туристи, да се сликаат или да гледаат но тоа не значи дека холокаустот треба да се повтори. Во идиотскиот аргумент дека доаѓаат туристи и се сликаат пред спомениците, тие се сликаат пред секој идиотлук што е чуден, што е редок. И јас да сум турист и да чујам дека има идиотска нација којашто си ја уништила сопствената култура и идентитет за да изгради лажна и тоа да го направи со големџиство коешто го правеле големи императори, но не на начин на кој истите тоа го реализирале, наоѓајки врвни уметници, генијални архитекти и скулптори, туку наоѓајки ги своите најлоши професионалци во струките коишто ќе пристанат не да направат нешто свое туку да направат нешто што им шара и им брља самиот диктатор односно премиерот Груевски, вели тој.

Извор: Градска.мк

Разговараше Соња Танеска
камера и фото: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ