• Latest
Фото: МИА архива

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори

April 24, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори

April 24, 2024 14:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателски избори во Северна Македонија“; „Северна Македонија: Клучни избори за претседател на земјата“; „Во тек се претседателски избори во Северна Македонија: седум партии, двајца фаворити“; „Избори во Северна Македонија: седумтемина кандидати, аутсајдерите и вториот круг“ „Денеска прв круг од претседателските избори во Северна Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголемиот дел од медиумите во Грција го пренесуваат текстот од државната агенција АНА-МПА под наслов „Во тек се претседателските избори во Северна Македонија, кои ќе се одразат на парламентарните избори за две седмици“, во кој детално се анализираат изборниот процес, кандидатите, но и прогнозите.

АНА-МПА објавува дека речиси за сигурно се смета оти во денешниот прв круг кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска ќе биде прва, а втор ќе биде кандидатот на СДСМ Пендаровски.

-Двајцата, според процените, ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори, при што најголеми шанси да победи и да стане нов претседател на Северна Македонија има 70-годишната Гордана Силјановска. Сепак, во вториот круг од претседателските избори важна улога ќе има ставот на албанските гласачи, кои претставуваат 25 отсто од гласачкото тело во Северна Македонија. Шеесет годишниот Стево Пендаровски има влијание кај албанските гласачи и може да се надева на негов реизбор доколку масовно гласаат за него во вториот круг, пишува АНА-МПА.

Паралелно потсетува дека мандатот на Пендаровски, завршува на 12 мај, но и дека претседателот на земјата има ограничени овластувања.

Во однос на парламентарните избори на 8 мај, грчката државна агенција пишува дека според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ со голема разлика е во водство пред владејачката СДСМ, „но без да има изгледи за формирање еднопартиска влада“.

„Јуроњуз“ на грчки јазик во текстот за изборите објави дека „главни теми на предизборната агенда во претседателските избори беа европскиот тек на земјата, владеењето на правото, корупцијата и економијата“.

– Интеграцијата во Европската унија е трнливото прашање, бидејќи по решавањето на проблемот со името со Грција, Бугарија става вето, барајќи да се признае во Уставот постоењето на бугарско малцинство во Северна Македонија. 61-годишниот Пендаровски побара да се направи неопходна промена на Уставот, додека 70-годишната Давкова бара нова рамка во пристапните преговори и јавно не се обврзува за уставни измени, пишува „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Се осврнува и на корупцијата и коментира дека „на еден од претседателските кандидати, на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, му е забранет влез во САД поради вмешаност во корупциски случаи, но, против него не е покренато никакво гонење и затоа неговата кандидатура беше прифатена без никаков проблем“. 

Tags: избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ