• Latest

Грчки медиуми: Националисти во Скопје го запалија грчкото знаме

February 28, 2018
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчки медиуми: Националисти во Скопје го запалија грчкото знаме

February 28, 2018 10:05
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќешниот протест во Скопје, запаленото грчко знаме, интервјуто на премиерот Зоран Заев и демантот од владата, добија сериозен  третман во грчките медиуми. Беа присутни и во централните изданија на вестите на грчките телевизии, но и во онлајн изданијата на весниците, како и во информативните портали, јави дописникот на МИА од Атина.

„Протест на националисти во Скопје – го запалија грчкото знаме“; „Радикални Скопјани бараат итен прекин на преговорите во ОН“; „Скопје: радикализам од националисти – црвени линии од Заев“ се дел од насловите под кои грчките новинари ја објавија веста за протестот во Скопје.

„Голем број од демонстрантите имаа знамиња со сонцето од Вергина, додека, пак, некои од нив, го запалија грчкото знаме. Меѓу учесниците беа и митрополити од расколничката православна црква на ПЈРМ кои му се обратија на народот“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во текстот што го презедоа речиси сите грчки медиуми, пишува дека на протестот учествуваа околу 5.000 лица, кои побараа да нема никаква промена на уставното име и никаква измена во Уставот.

Вчерашното интервју на премиерот Заев за Ројтерс, експресно беше пренесено од медиумите во Грција, но текстовите подоцна беа дополнети и со демантот од македонската влада.

„Многу зборови, малку дела од Заев“; „Владата на ПЈРМ демантира дел од изјавите на Заев за Ројтерс“; „Кои се предлозите на Заев за новото име на ПЈРМ“, се само дел од насловите во грчките медиуми во однос на интервјуто и демантот од владата.

„Зоран Заев во неговото последно интервју за Ројтерс, каде по објавувањето од неговиот кабинет побрзаа да ги разјаснат точките кои, како што рекоа, не беа пренесени точно, објасни дека единствено што прифаќа е сложено име со географска одредница. Освен тоа, ништо друго. Ниту разговара за промена на Уставот, подготвувајќи терен за двојна формула, ниту разговара за било што, што го допира идентитетот на народот на неговата земја“, пишува CNN.gr.

 

„Владата на ПЈРМ категорично демантираше дека премиерот на земјата, Зоран Заев, во неговото интервју за Ројтерс, рече дека ПЈРМ е подготвена да направи некоја промена на Уставот. Премиерот, како што е објаснето, говорел за некоја промена на името, а не на Уставот“, објави грчката новинска агенција.

Грчките медиуми, јавува дописникот на МИА од Атина, коментираат дека и двете страни не отстапуваат од „црвените линии“, а со тоа разликите за одредени точки и прашања меѓу Скопје и Атина сѐ уште не се надминати. Како главен пример, се споменува барањето на Грција за промена на македонскиот Устав и ставот на Македонија дека не се потребни измени.

И сето ова, во исчекување на посетата на Коѕијас на Македонија, за која сѐ уште не постојат официјални информации. Говорејќи за првата програма на грчкото државно радио, шефот на грчката дипломатија, во саботата рече дека патувањето во Скопје ќе биде во март.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: грчки медиумиМакедонијаПротестиСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ