Грчките медиуми јавуваат дека Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, вчера во неформална владина средба ги разоткрил главните аспекти на Македонскиот пакт во кој се прават дополнителни дополнувања.
Според најновите информации, тој дури може да отпатува во Скопје следната недела. Грчката страна сака да ги избегне протекувањата што ќе ги пренесат дипломатските консултации на насловните страници.
Поради тоа, како што јавуваат грчките медиуми, се очекува Коѕиас да го предаде предлогот на својот македонски колега, Никола Димитров, лично.
Сепак, главната пречка останува уставната ревизија која ќе го промени името и некои други ирелевантни одредби, пишуваат грчките медиуми.
Александрос Стаматиу
Специјално за ЦИВИЛ Медиа