• Latest
Фото: Википедиа

Грција доби службена Влада – амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас

May 25, 2023

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција доби службена Влада – амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас

May 25, 2023 20:12
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Википедиа

Фото: Википедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис на позицијата шеф на дипломатијата, поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис, се дел од министрите во новата, службена Влада на Грција, која утре напладне ќе положи свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина.

Привремената Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата владин портпарол ќе биде новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис.

Во Министерството за надворешни работи на Грција на местото на Никос Дендиас, во периодот до изборите на 25 јуни доаѓа искусниот дипломат, почесниот амбасадор Каскарелис, кој во неговата кариера бил постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, а бил и амбасадор во САД.

Во текот на утрешниот ден, по свечената заклетва во Претседателската палата закажана за 12 часот, во секое од Министерствата ќе има и примо – предавање на функциите.

Новиот, привремен претседател на грчката Влада Јоанис Сармас, денеска положи свечена заклетва, по што се сретна со, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, со што и официјално ја презеде функцијата.

Tags: владаГрција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ