• Latest

Груевски (евергрин): „Долу-горе, знаеш тие работи“

June 17, 2018
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски (евергрин): „Долу-горе, знаеш тие работи“

June 17, 2018 13:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се потсетиме на разговорот меѓу поранешните властодршци, екс-министерот за надворешни Антонио Милошоски, екс-директорот на УБК и екс-премиерот Никола Груевски, кој го обелодени тогаш опозицискиот СДСМ во пролетта 2015 година. Со само површно преслушување на овој разговор, лесно ќе се согледа острата разлика меѓу достоинственото, издржано и аргументирано однесување на сегашните македонски политичари и тогашното импровизаторско, пазарџиско и аматерско однесување на властодршците собрани околу Груевски. 

НГ: Да.
АМ: Ало, што праиш?
НГ: Е, што праиш?
АМ: Добро еве, во Сараево сум со амбасадорот, па ми објаснува нешто за Босна, колку повеќе слуша човек, толку повеќе не знае.
НГ: Да, а?
АМ: Ова е ваму невидена равенка.
НГ: Јас сакав да помуабетам со тебе за една работа ако можеш малку на страна нешто, м?
АМ: Да, да, па на страна сум, излегов.
НГ: Е па, тука сум со човекот (Сашо Мијалков) што оди да разговара…
АМ: Ааа, да, да, да.
НГ: Ги знаеш до скоро информациите?
АМ: Ги знам.
НГ: Е сега, денеска дојдоа они…
АМ: Аха, аха.
НГ: Еден од нивните претставници.
АМ: Да се покажеме и ние како домаќини.
НГ: Да. Дојдоа денеска. Тој подебелкиот. Не знам дали се сеќаваш.
АМ: Аха, аха.
НГ: Не тој…
АМ: Да, да. Претпоставувам кој е, тој што е асли Грк, овој другиов е малку мешавина.
НГ: Да, да. Ама, и тој е на исто мислење со тој. И тој сака да биде работава.
АМ: Да, да.
НГ: И он доаѓа у подготовка на утрешното. Утре оди овој нашиов таму.
АМ: Аха.
НГ: Со тој на А што треба да се види…
АМ: Да, да, да, да.
НГ: И у подготовка демек што како. Овој нашиов му рекол ние на овие заградиве ќе останеме.
АМ: Да, да.
НГ: Овој му рекол, немој молим те, ќе пропадне све, џабе е, не може, овој ги собра сите. Сите до еден беа против. Само овој на А беше за, сите други против.
АМ: Аха, аха.
НГ: Немој џабе времето ќе си го изгубите, се ќе упропастиш. Дај нешто друго да видиме, а, у. Тврдо играат.
АМ: Аха, аха. Да, да, да.
НГ: И сега мучкаме што да правиме, па сакав и тебе да те чујам. Нашиов вика дали да одиме со пред Република.
АМ: Пред аха, аха, ааа што би било?
НГ: Пааа, ова да речеме, долу-горе, знаеш тие работи.
АМ: Аха, аха. Па, ако е со ова со горе, што викаш, хахаха.
НГ: Хахаха.
АМ: Ако е со тоа, нека се проба. Од сите лоши варијанти оваа може…
НГ: Јас мислам дека тоа е ризично тоа да пројде кај нас после.
АМ: Да, ризично е, но ние сега правиме муабет затоа што знаме секакви глупости што паѓале како предлози.
НГ: Да.
АМ: Ама, сега јас поаѓам од мојата дефиниција. Ако стои тоа со горе од напред, тогаш поаѓам од фактот што, ако и на крајот не биде, ама правиме муабет да биде, ама ако не биде, тогаш тие ке бидат тие што ќе го ишутираат. Па барем, ако ништо друго, нема нас да ни ги чешаат ребрата. Ааа, на пример да се оди со, ааа…сеа јас, моја идеја е вака, гласно размислувам, да се остави заградата, значи да си постои, тие внатре нека одберат нешто што би стоело, да не биде сé и сешто, ама ете, од нешто што го имаме слушнато до сега, а ние пред, напред ваму, најнапред ние да додадеме нешто што ќе биде со политичка конотација. Фактички, тогаш ке има две нешта. Едно што го додаваме ние и што не ни пречи и што е напред, што ќе биде дел од официјалното.
НГ: Може да те уклучам на конференциски линк да те слушне и човекот?
АМ: Да, да, може.
НГ: Сега те слуша.
АМ: Значи, мислев…
НГ: Тоа многу сложено ми изгледа.
АМ: Знам, знам, ама може да биде, да речам, да се продаде и кај нив, а да не нé оштети премногу нас, односно да не ја оштети таа компонента на ненарушено име Република Македонија едно до друго. Значи, целта ми е, ние, да речеме, пред зборот Република, ние да додадеме некоја политичка референца – независна, суверена, некоја, а тие да одберат нешто што би стоело плус во заграда. Би било името малку посложено од тоа што јавноста очекува, ама, во секој случај, она чистото име што ке се изговара, чита, употребува, пишува, за нас нема да биде штетно. Ќе има политичка референца – Независна Република Македонија, или некаква, а за нив па, приказната ќе може да биде дека сериозно е променето името, иако географската, на која што тие инсистираат, стои во заграда, сепак додадени се две придавки и со тоа покажуваме јасно дека сме успеале во нешто што сизифовски труд вложуваме, а не успеваме 20 години.
СМ: Антонио, знаеш што им е на нив битно?
АМ: Да.
СМ: Нив им е битно short name.
АМ: Нема да има short name. Ние ќе им кажеме дека во официјалните називи, може тоа да биде и дел од Спогодбата, дека секаде Македонија ќе оди со единственото, официјално име. Нема да има short name како Macedonia или не знам што.
СМ: На пример, Независна Република. Друго што би можело? Демократска Република?
АМ: Независна, демократска, суверена може да биде. Мислам тие три вака се, горе долу.
СМ: Пред Република?
АМ: Па, пред Република да биде, да. Независна Република Македонија во заграда, сега зборам нај, најдиректно, во заграда горна, независна или суверена Република Македонија, во заграда северна или…Значи ние во случај официјалната компонента, онаа најважната, суштинската од името, нема нас да ни донесе ризици, ќе си го сочуваме Република Македонија со нешто еве, условно речено оплеменето со Независна или со нешто друго, географската нивна ќе стои, во заграда, а тие дома, бидејќи Јорго тоа не може да го помине само во заграда, ќе рече луѓе не можевме ништо повеќе останува Република Македонија во заграда Горна. Ќе рече да, тешко беше, но не е само заградата каде што ние имаме некаква референца, туку дополнително издејствувавме да има уште една одредница и стигнавме до компромис да има и политичка, која прави сепак и одредена политичка дистинкција. Ние сме сепак независна и суверена држава и прави одредена политичка дистинкција и има уште една компонента која е географска и ја прави дистинкцијата на којашто тие инсистираат. Значи, сложено име, посложено здравје, ќе може некако да го продаде кај своите дома.
НГ: Антонио, сè тоа е во ред, ама на што ќе личи името?
АМ: Јас сега правам вака, споредба, мене кога би се рекло, ако имаме две понуди…
НГ: Ама на референдум кога ќе го ставиме на што ќе личи, а не за после…
АМ: Не не, добро, и за референдумот поаѓаме од основ што е тоа за нас прифатливо или неприфатливо. Значи, ако јас имам два избори: едната да биде Горна Република Македонија или на англиски Апер Репаблик оф Маседониа, и втората да биде Индипендент Рипаблик од Маседониа во заграда Апер, јас како Македонец, гледано вака долгорочно би одел на втората.
НГ: Во заграда ВАРДАР?

АМ: Или да, или во заграда Вардар, да. Кога би бирал помеѓу Вардар Рипаблик оф Маседониа и Апер Рипаблик оф Маседониа како едно име, без загради и без ништо друго, или Индипенден Р.М во заграда Вардар или во заграда Горна, јас би ја одбрал ова опција со заградата. Затоа што заградата, сакале тие или не сакале, со тек на време ќе си отпадне и ќе си остане Индипендент Р.М. Е сега проблемот е што, краткорочно, кога на луѓево ќе им го понудиме на референдум ќе речат добро што е сега ова, вие за една референца зборувавте а сега како Обединети нации 5-6 додавки и придавки. Посложено ќе испадне од привременава што ја имаме сега. Ама ако се гледа долгорочно напред, за 5-10 години, заградата си отпаѓа и си останува тоа што ќе биде – Независна, Суверена или нешто слично.
НГ: ОК
АМ: Така, тоа е мое мислење. Исто може Сашо да игра и со една друга работа којашто за нив не е некоја смртна закана ама сепак е нелагодност која што можеме да им ја, како да кажам, да им ја решиме, во пакет со евентуално решение кое нормално, ќе ни одговара и на нас и на нив, и ако некаде треба дополнителен аргумент за нив, оди и тоа што го затвораме и прашањето со тужбата.
НГ: А да, да го користи и тоа.
АМ: За тужбата ние ја имаме одлуката. Значи, тоа ќе биде сепак наш гест и со самото тоа што тие би ни овозможиле негде некоја позиција барем, малку повеќе или помалку да наложиме…
НГ: Ама они ќе кажат терајте со тужбата па да видите што ќе добиете.
АМ: Молам?
НГ: Што ќе им смета на нив тужбата, ако ние со нив го решиме спорот и после тужбата ја добиеме, што губат они а што добиваме ние?
АМ: Не, не, не, ама не, јас друго зборам. Значи, ние за да го решиме спорот, ние за да го решиме спорот бараме од нив малку повеќе разбирање за нашите позиции. Ако тие покажат поголемо разбирање за нашите позиции спорот се решава и тужбата се повлекува.
НГ: Да, ја те разбрав демек може и да не ја повлечеме. Нема логика.
АМ: Не, да не ја повлечеме нема голема логика. Можеме и да не ја повлечеме, пак ќе има некоја осуда за нив или нешто, ама мислам може Сашо да игра и да каже еве ова е дел од пакетот. Ако ги прифатите овие позиции кои ви ги излагаме, ви кажуваме дека и тужбата, вие или ние заеднички ќе го информираме судот дека тужбата се повлекува, дека двете страни договорно постигнале одредено решение и проблемот веќе не постои.
НГ: Добро.
АМ: Така, тоа е мое мислење.
НГ: Тогаш значи тоа па првата опција – со заградата.
АМ: Да да.
НГ: Ама за понатамошниот тек на разговорите…
АМ: Значи јас ти кажав, би му кажал сега и на Сашо, она што го имам чувство од разговорите со колеги, колку што нам ни е потребно, и колку што ни се брза и ни е важно да го решиме овој спор, мислам дека, со оглед на целата ново настаната ситуација со економска криза и со веке искористени една-две блокади против нас, и на нив многу им значи, значи за Грција и за имиџот, да го решат ова прашање. Значи, не сме само ние во брзање, не сме само ние во голема потреба туку исто така се и тие. Значи, колку што за нас би било незгодно да е нерешен и да остане нерешен до декември толку и за нив е. Што значи оваа позиција кај нив, за разлика од таа на Караманлис, треба да се искористи. Тие би требало, заради тоа што и на нив им се брза, малку да имаат повеќе разбирање отколку пред една година.
НГ: Добро
АМ: ОК. Важи. Што и да има тука сум. Тие ќе доаѓаат во Сараево. Значи тие утре веројатно ќе им биде целта и со тоа би, Јорго би направил еден мал триумф ако тој, во Сараево, на 2-ри дојде тука и заедно со Моратинос, со кого на два дена се слушаат, почесто отколку што се слушаме ние, и дојде и каже, да рече вака и вака, јас Јорго Папандреу, при сите тешкотии, ова-она, до гуша сум со проблеми, носам добра вест – го решивме прашањето со Скопје. И Грција овде гордо најавува дека она што го нарековме Солунска агенда и сега го крстивме Агенда 2014 за зачленување на Западен Балкан во ЕУ, јас сум лидер на тоа и го туркам напред. Нема да сопрат да му аплаудираат. Од Шпанци до Скандинавци. Така што нему ова многу голем кредит ќе му биде, ако успее.
НГ: Види, дај Боже ние да го решиме, прво на тебе ќе ти јавиме ти таму прв да кажеш. Ха-ха-ха
АМ: Ха-ха. Сакам да речам дека човекот е во нужда на одреден начин да го реши ова прашање и дека таа негова потреба којашто исто е голема или можеби слична како и нашата, треба да му се наплати од наша страна со барање за поголема флексибилност. Значи нему не му е сеедно, како што им било пред 2, 3 или 4 години, дали ова ќе се реши или нема да се реши. Сега мислам дека и за нив сметката, фактурата почнуваат да се зголемуваат.
НГ: ОК, фала ти, ајде чао.
АМ: Се слушаме, поздрав, чао.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: BombaГруевскиГрцијаиметоМакедонијаМијалковМилошоскиприслушувани разговориСДСМ
Share108Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ