Апелациониот суд одлучи да не му го врати пасошот на Никола Груевски, побаран под изговор за службени патувања. Приложениот доказ, покана за службена посета од унгарскиот премиер Виктор Орбан, не помина пред судот, поради неговите претходни изостанувања од сослушувањата за предметите покренати по обвниненија од СЈО.
Груевски е обвинет од СЈО во случаите „ТНТ“, „Титаник“, и „Насилство и шамари во Центар“.
Скопска апелација денеска ќе одлучува и дали петте аудио снимки од телефонски разговори, кои СЈО ги приложило меѓу доказите во предметот „Тендери“ треба да останат во досието против поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска и уште двајца обвинети во овој предмет, кој се однесува на злоупотреби за изградбата на Музејот на ВМРО.
Б. Ј.