• Latest

Граѓански реакции во Гевгелија и во Валандово

April 20, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓански реакции во Гевгелија и во Валандово

April 20, 2017 12:31
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Завршуваат последните подготовки за спроведување на референдумот во Гевгелија закажан за 23 април (недела). Денеска, Општинската изборна комисија спроведува задолжителна еднодневна едукација за членовите и замениците на избирачките одбори. Едукацијата се спроведува во форма на семинар на кој се опфатени теоретските и практичните сегменти за успешно спроведување на референдумот.

Како што информираат од Општинската изборна комисија на референдумот ќе гласаат повеќе од 19.000 жители на Општина Гевгелија, на 37 избирачки места.

Референдумот се спроведува по иницијатива на Советот на Општина Гевгелија, и за ова прашање сите советници, независно од партиската припадност, беа едногласни. Референдумското прашање гласи: „Дали во Општина Гевгелија треба да се дозволи отворање  рудници?“

Здружението „Спас за нас“ со трибини, дебати, средби со граѓани, но и преку активности на социјалните мрежи, во изминатиов период ја води кампањата против отворање на рудници во општината.

Од здружението во разговор за ЦИВИЛ Медиа велат: „Штетата е катастрофална, неспоредливо поголема од користа, не може да се стави на вага… Овој тип на рудници подразбира уништување на природата! Кожуф е една од најбогатите планини со букова шума и некој сега решава дека треба да се уништат 3.900 хектари и да се наруши целиот биодиверзитет. Само ова е немерлива штета. Понатаму, за овој тип на рудници уништувањето се прави со експлозив што е многу едноставна постапка и затоа им се исплаќа, и покрај ниските концентрации од злато кои според официјални податоци се два грама во еден тон. Во следна фаза, земјата се третира со цијанид кој има својство од рудата да го извади златото и бакарот. Во процесот се испушта 10 до 15 тони висококанцерогена прашина која содржи арсен, талиум, сулфурни оксиди…  Тоа значи, од првиот ден ќе дишеме таков воздух, што воздухот во Скопје ќе биде перфектна еколошка оаза. Прашината, покрај негативните ефекти врз луѓето, ќе го контаминира и високо квалитетното земјоделско земјиште во Гевгелискиот регион“.

Екипа на ЦИВИЛ – Центар за слобода во недела ќе биде присутна во Гевгелија додека се спроведува референдумот.

Валандово, по примерот на Гевгелија е втората општина од Југоисточниот регион која бара своите граѓан(к)и на референдум да се изјаснат за отворањето на рудникот во Казандол. За разлика од Гевгелија, валандовчани не очекуваат да наидат на поддршка од локалната самоуправа, затоа што, според нив, општинските власти сметаат дека рудникот треба да се отвори.

Градоначалникот на Валандово изјави дека наредната недела ќе има јавна седница на Советот на Општината, на која ќе присуствуваат и експерти од областа на животната средина и сите засегнати страни ќе имаат можност да се изнесат аргументите за и против рудникот.

М. Теговска

Tags: бакарВаландовоГевгелијаживотна срединаКазандолреферендумрудникЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ