ЦИВИЛ ги информира гевгеличани за проектот Напред! и за можноста да станат дел од тимот за набљудување на изборите.
Беше споделен и информативен и едукативен материјал за јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Гевгеличани се сомневаат дека позитивно ќе се развива политичката состојба во земјата и каков ќе биде резултатот од изборите во јуни, а многумина од младите се пожалија дека заминуваат од земјата бидејќи не ја гледаат иднината во Македонија.
Многу повеќе интерес, за жал, за активностите и повикот за набљудувачи на ЦИВИЛ, изразија многуте грчки државјани на кои наидовме во неделното попладне.
Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.