• Latest
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Христијан Мицкоски му одговори на Костадин Костадинов

August 10, 2019
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Христијан Мицкоски му одговори на Костадин Костадинов

ЕКСКЛУЗИВНО! Нашиот соработник Роки дојде делови од писмото на Мицкоски до Костадинов, што ни ги испрати курирот што го носел одговорот...

August 10, 2019 07:56
in САТИРА
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски, формалниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ вчера доби серија крајно непријатни прашања од Костадин Костадинов од СДСМ кој му се обрати со следниве зборови: „Мицкоски, не врти вода матна не е ова хидроцентрала, вистината е една.

Наместо да бегаш од граѓаните излези и одговори на прашањата: Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на објавената видео снимката се имаш сретнато? Дали и што си примил на рака? Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски си се сретнал во Будимпешта и дали му имаш нешто дадено? Јавноста има право да ја знае вистината. А за правдата од која толку многу се плашиш нека не ти биде полна устата. Нема да ја срушите со сценарија, обиди да ги претставите како жртви тајкуните и да ги спасите. Од прв до последен, одговорност ќе има.“

Мицкоски, навистина, не одговори до крајот на денот, но рано утринава, Мицкоски му одговори на Костадинов во писмена форма во писмо на цели 28 страници кое, преку курир, го достави во партиското седиште на СДСМ. Ексклузивно пренесуваме само делови од писмото на Мицкоски до СДСМ, врз основа на тоа што успеа курирот да го фотографира, ѕиркајќи во нервозно лепениот и недозалепен плик на кој, според курирот, имало и крупни капки солзи или пот.

„Костадине, знам јас сѐ за вистината и за лагата. И ти знаеш дека јас знам…“

Подолу во писмото, Мицкоски вели:

„За која јавност зборуваш, бе? За онаа вашата, Шарената, изгубената, полна со педери и лезбејки, неверници и странски шпиони и платеници? За нив ли збориш? Тие треба да знаат? Или збориш за оние наши верни поклоници што веруваат во тоа што ќе каже лидерот зад кој стои исправено лавчето, без оглед на тоа што им раскажува, рецепти за Васина торта или стар тикет од кладилница? Е, па, ако е за вашите, еве:

Се сретнав со авторот на текстовите во Ла Верита во Будимпешта! И не само јас, туку со него се видоа и уште двајца, можете да претпоставите кои! Средбата беше тајна, ама ни ги помати сметките оној од ЦИВИЛ, ама ќе плати тој, кога тогаш!

Јас што сум примил на рака и не е важно, туку важно е што јас сум предал и каде. Допрва ќе видите за што се работи! И сум се сретнал со многу луѓе, веројатно и со еден од двајцата на снимките, треба да се сетам. Од оваа политика, не успевам ни бизнисот да си го гледам како што треба! Од вас не можам глава да кренам…!“

Александар М. Арнаудов – Роки


Оградување, одбрана и заштита:
Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

фотографија: Киро Попов/kolektif.mk

Share68TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ