Револтирана граѓанка од Oпштина Аеродром пријави малтретирање во едно основно училиште. Според пријавата, ученици носат самолепливи етикети со пари на кои има албански ознаки и ги лепат насекаде низ училиштето.
Дел од нив ги малтретираат децата за чии родители веруваат дека не се поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Им ги лепат етикетите на грб и ги малтретираат. Децата се враќаат дома расплакани и трауматизирани. Според нашиот извор, управата на училиштето не реагирала.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе се обрати до училиштето, општинските власти и до полицијата и ќе бара да се преземат соодветни мерки.