• Latest

И-ХИ, нов Тинк-Тенк за хумана употреба на вештачката интелигенција

March 14, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И-ХИ, нов Тинк-Тенк за хумана употреба на вештачката интелигенција

March 14, 2025 20:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога вештачката интелигенција (ВИ) станува клучен фактор во економскиот и општествениот развој, во Скопје е формиран „Интелигентна Хумана Иднина“ (И-ХИ) Тинк-Тенк, нов истражувачко-аналитички центар кој ќе се залага за етичка и одговорна употреба на ВИ.

И-ХИ Тинк-Тенк веќе го објави својот прв позициски документ „Вештачката интелигенција – Меч со две сечила“, во кој се анализираат потенцијалите, ризиците и можните регулаторни решенија за ВИ во Северна Македонија. Документот ја нагласува потребата од балансиран пристап – искористување на предностите на технологијата, но и заштита од социо-економските нарушувања кои таа може да ги предизвика.

Според И-ХИ, вештачката интелигенција на среден рок од 5-10 години може да донесе значителен напредок, но без соодветни механизми, таа исто така носи ризик од масовни отпуштања и зголемување на социјалните нееднаквости, манипулација со информации и влијание врз демократијата, недоволна регулација што би овозможила злоупотреба во економијата и политиката.

„Трансформативната, па дури и дисруптивната моќ на вештачката интелигенција веќе носи предизвици, особено во светот, каде што се нарушува пазарот на работна сила – особено кај техничките струки, туку и овде, кај нас, на пример кај социјалните медиуми . Мора да нагласам дека, иако ова не е доволно истражено, може да се заклучи од анегдотални примери, вели Валентин Нешовски, Претседател на Тинк-тенкот И-ХИ.

„Но ВИ не е непријател – напротив, тоа е најмоќната алатка што човештвото ја има создадено. Прашањето е: дали ќе ја искористиме за градење похумано општество или ќе дозволиме таа да ги обликува правилата без наша контрола?

Токму затоа го формираме овој Тинк-Тенк – да поттикнеме јавна дебата и да влијаеме кај носителите на одлуки. Наместо да се разбудиме во свет каде што ВИ ќе пишува закони, а ние ќе ги читаме во автоматски преведени верзии полни со грешки, можеме да создадеме општество во кое ВИ работи за луѓето, а не обратно“, велат од И-ХИ.

„Имаме добар тим од составен од луѓе кои се врвни во своите области. Петте оснивачи се стручњаци во своите области со над дваесетгодишно искуство  и тоа во политичките науки, стратешките комуникации, информациските системи, дизајнот на процедури и развој на софтвер, до употребата на нови технологии во дизајнот и меѓународен стратешки развој во бизнис секторот. Мислам дека може да помогнеме“, вели Нешовски.

Во документот наречен „ВИ – Меч со две сечила“, Тинк-тенкот предупредува дека неконтролираното воведување на ВИ во различни индустрии може да доведе до драматични промени на пазарот на трудот, особено ако нема стратегии за преквалификација и социјална поддршка за работниците

Решенијата: Што препорачува И-ХИ?

За да се минимизираат ризиците, а да се искористат придобивките на ВИ, И-ХИ Тинк-Тенк предлага:

  • Воведување национална стратегија за ВИ со јасни правни рамки
  • Поддршка за образовни реформи кои ќе подготват идни генерации за дигиталната ера
  • Социјална заштита за работници погодени од автоматизацијата, вклучувајќи дискусија за универзален основен приход
  • Етички стандарди за употреба на ВИ во јавниот сектор, медиумите и индустријата
  • Преземање мерки за борба против дезинформации и злоупотреба на ВИ во политички цели
  • Создавање независно тело за мониторинг и надзор врз употребата на ВИ

„Вештачката интелигенција не е само прашање на технолошки напредок, туку и на општествена одговорност. Без внимателно планирање, може да се создадат нови форми на социјална нееднаквост и манипулација“, велат од И-ХИ.

И-ХИ Тинк-Тенк планира да соработува со експерти, владини институции, граѓански организации и лидери во индустријата за да помогне во развојот на регулаторна рамка која ќе осигура дека ВИ ќе им служи на граѓаните, а не обратно.

Организацијата исто така ќе спроведува истражувања, ќе организира јавни дебати и ќе учествува во креирање на политики за безбедна, фер и одржлива имплементација на ВИ.

Tags: вештачка интелигенцијаИ-ХИ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ