Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го прими новиот премиер Зоран Заев, и им честиташе на новите членовите на владата. Откако ноќеска со 62 гласа за, 44 против и 5 воздржани, Собранието ја избра новата Влада од 26 министри која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, денес сите членови на новиот кабинет беа на прием кај претседателот.
Откако при првата средба со лидерот на обезбеденото парламентарно мнозинство, Иванов бараше посебни гаранции од Заев, за да му го додели мандатот, следуваше силен притисок врз него од меѓународната заедница и од домашните експерти за почитување на законот. По испратените гаранции од Заев за унитарноста на државата, Иванов му го додели мандатот, а денес и нему и на избраните министри им посака успешна работа.
Според „Макфакс“, новиот министер за здравство, д-р Арбен Таравари, не присуствувал на средбата на со Иванов во неговата резиденцијата на Водно, а како причина за бојкотирањето навел дека го смета Иванов за еден „од најзаслужните за ‘Крвавиот четврток’“.