По една година откако ЦИВИЛ – Центар за слобода беше мета на провала и кражба која се случи веднаш по настаните во Собранието од 27 април минатата година, а од полицијата сè уште нема никакви информации до каде е истрагата.
Од кражбата причинета е поголема материјална штета, односно, украдени се компјутери, монитори, хард дискови, камера, телефони и друго. Тогаш полицијата изврши увид и зеде примероци од отпечатоци, но засега нема никакви информации дали се пронајдени сторителите. Освен материјална штета, од ЦИВИЛ беше украден и обемен архивски материјал, што е удар, пред сѐ врз институционалната меморија на организацијата. Сепак, како што соопшти организацијата непосредно по провалата, најсензитивните материјали и податоци, се добро обезбедени и не се наоѓаат во просториите на седиштето.
Без оглед на мотивите кои стојат зад оваа тешка кражба, ЦИВИЛ продолжи со вообичаената динамика на работата. Од организацијата се изразува надеж дека полицијата ќе ги вдвои напорите да го реши овој случај.
Воедно, ЦИВИЛ уште еднаш јавно ја изразува својата благодарност за солидарната помош на донаторите со чија помош брзо беше набавена дополнителна опрема со која се овозможи непречено продолжување на работата.