• Latest

Ибраими: Претседателе Џафери, читајте го внимателно Изборниот законик!

September 14, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ибраими: Претседателе Џафери, читајте го внимателно Изборниот законик!

September 14, 2017 15:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција која ЦИВИЛ Медиа директно ја пренесуваше, Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија од ДПА, со собраниска одлука сменет со Ермира Асани од Беса, изјави дека објавувањето на јавен оглас за избор на еден член на ДИК е противзаконско!

„Петгодишниот мандадат ми е загарантиран со закон што е донесен пред дополнување и донесување на овие измени на Изборниот законик како на ‘Дивиот запад’…. Откако се убедија, особено редефинистите, дека мандатот ми е гарантиран со закон, преземаа конпромитирачки чекор за самите нив, потписниците на овој Предлог-закон и за законодавниот дом. Мојата оставка би значела согласување со крајниот, на вандалистички начин, донесен закон и со активностите на Беса и на другите субјекти што го потпишаа, а кои се умилкуваат на овој субјект за локалните избори“, рече Ибраими, додавајќи дека своето право ќе го брани со сите дозволени легални средства, во и вон земјата.

Ибраими се обрати и директно до претседателот на Собранието, Талат Џафери, читајќи го целосно неговото укажување и предлогот за ставање вон сила на одлуката за негова смена.

„За да ја донесете спорната одлука, најпрвин треба да донесете одлука за разрешување на член на ДИК и тоа само ако е исполнет еден од условите утврдени со член 28, став 1 од Изборниот законик“, изјави Ибраими

Понатаму, во неговото укажување до Собранието, Ибраими потенцира дека законодавниот дом ја прави првата повреда и изборна нерегуларност што лошо ќе одрази на финалниот извештај за локалните избори.

„Господине претседател, довербата што ви е дадена Вам и на другите пратеници на непосредни избори, ја злоупотребивте носејќи закони за еднократна употреба, а за злоупотреба се одговара“, се обрати директно Ибраими до Џафери.

На крај, и новинарските екипи беа искритикувани од Ибраими за наводно задоцнетата реакција, при што останаа без неговиот одговор на поставените прашања.

Биљана Јордановска

Tags: Бедредин ИбраимиБесаДИКДПАразрешувањеСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ