CivilFest
Categories

ПРОТЕСТ(И) Идеалите на Шарена револуција сè уште се живи

„Убаво е да се потсетиме и да ги охрабриме граѓаните да не премолчат ниту една неправда и секогаш треба да ја држиме таа линија на отпор, на мислење и став“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, активистака Мерсиха Смаиловиќ, на изложбата на фотографот Александар Кондев, која се одржа на 12 април, во паркот „Жена борец“ во Скопје.

„Бев дел од Шарената револуција за да ги бутнеме „груевистите“. Сега првпат протестирам пред Собрание и се смеам, бидејќи нема да јадеме ќотек од полицијата“, вели еден учесник на Шарената револуција.

Активистот Замир Мехмети вели дека идеалите на Шарена револуција сè уште се живи, и дека треба да останат живи. Тој додава дека Шарената револуција не се формираше за да биде креатор на едната власт или само на една политичка гарнитура.

„Идеалите на Шарената револуција треба да бидат активни во секој момент кога ќе видиме дека се газат принципите за кои се боревме на улица. По две години може да набројам неколку добри работи, но не можам да кажам дека сè се одвива по текот и теркот на она што го очекувавме. Ние живеевме 11 години во безизлезна ситуација и очекувањата на луѓето беа преголеми. Во Шарената револуција покрај принцип и борба се случи и љубов и разбирање…“, истакна Мехмети.

Дехран Муратов

Монтажа: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email