• Latest
Фото: МИА

ИДФ тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах, интензивни ракетни баражи и воздушни напади од двете страни

October 8, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

ИДФ тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах, интензивни ракетни баражи и воздушни напади од двете страни

October 8, 2024 09:01
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Израелската војска тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.

Како што пренесува МИА, во соопштението се наведува дека Хусеини, кој раководел со логистиката на Хезболах и финансирањето на неговите различни единици, бил убиен во вчерашниот воздушен напад врз либанскиот главен град.

Израелската војска соопшти дека Хусеини бил и член на Советот за џихад на Хезболах, највисокото воено тело на милитантната организација, јави „Тајмс оф Израел“.

– Хусеини одигра клучна улога во трансферот на оружје меѓу Иран и Хезболах и беше одговорен за дистрибуција на модерно оружје меѓу единиците на Хезболах, надгледувајќи го и транспортот и дистрибуцијата на ова оружје, се вели во соопштението.

Хезболах се уште не ги коментира овие тврдења на израелската армија, пренесува Ал Џезира.

Хезболах ја ракетираше израелската воена разузнавачка база Глилот, во близина на Тел Авив

Либанското милутантно движење Хезболах доцна синоќа соопшти дека истрелало „бараж ракети“ врз главната израелска воена разузнавачка база во близина на Тел Авив.

Хезболах го посвети овој напад на својот лидер Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад на крајот на септември.

Во соопштението оваа проиранска формација наведе дека „испукала салва од ракети кон базата Глилот“.

Во оваа воена разузнавачка база, според израелските медиуми, е сместено и седиштето на Мосад, израелската надворешна разузнавачка служба.

Проиранското исламистичко движење Хезболах претходно објави дека оваа база ја гаѓале и во август и октомври.

Тел Авив е одалечен 580 километри од либанската граница.

Сирени за тревога синоќа се огласија во централниот дел на Израел откако неколку проектили биле лансирани од правец на Либан, а израелската војска соопшти дека некои од проектилите биле пресретнати, додека други паднале во отворени области.

Израел во текот на ноќта ги гаѓаше јужните предградија на Бејрут

Израел во текот на ноќта гаѓал јужни предградија на Бејрут, откако израелската армија издаде предупредување до жителите на областа, јавија либанските државни медиуми.

Израел вчера изврши бран воздушни напади врз јужен Либан, при што 100 авиони гаѓаа околу 120 локации во период од еден час, соопшти израелската војска (ИДФ).

Арапскиот портпарол на ИДФ издаде итно предупредување до либанските цивили да избегнуваат да бидат на плажа или во чамци на бреговите на реката Авали на југот на земјата до понатамошно известување.

М. Д.

.

 

Tags: БејрутИДФИзраелЛибанХесболах
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ