• Latest
Фотографија: Совет на Европа

Игли Хасани: Косово изгуби историска можност, да се заложи за исполнување на обврските за членство во СЕ

May 17, 2024

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Игли Хасани: Косово изгуби историска можност, да се заложи за исполнување на обврските за членство во СЕ

May 17, 2024 14:40
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фотографија: Совет на Европа

Фотографија: Совет на Европа

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани вели дека Косово изгуби историска шанса со тоа што не беше вклучено во агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа, но ѝ порача на Владата во Приштина да се заложи за исполнување на обврските што ги презела, со цел наскоро да се свика нова седница за прием на Косово во СЕ.

Во објава на платформата Х, што ја пренесуваат медиумите во Приштина, Хасани рече дека покрај напорите за исполнување на преземените обврски, Владата треба да се заложи и за одржување на уште еден состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа во блиска иднина.

„Неуспехот да се одлучи за членството на Косово во Комитетот на министри на Советот на Европа во петокот претставува изгубена историска можност Косово да добие заслужено место на маса и посилен глас во обликувањето на обединета и демократска Европа. Неопходно е Владата на Косово да дејствува брзо за да ги исполни преземените обврски и да се ангажира конструктивно со меѓународните партнери и сојузници. Потоа треба да следат колективни напори за одржување на уште еден Комитет на министри во блиска иднина“, напиша албанскиот министер за надворешни работи.

Според Хасани, „сите мора да дејствуваме брзо за да го исполниме она што му го должиме на народот на Косово!“.

Парламентарното собрание на СЕ на 16 април годинава го усвои извештајот на известувачката за Косово, Дора Бакојани, во кој се препорачува членство на Косово во таа меѓународна организација без никакви услови.

По гласањето во ПС на СЕ, остана уште Комитетот на министри на земјите членки да гласаат за Косово да биде примено во членство на организацијата, а тоа се очекуваше да се случи на годишното Собрание кое се одржува вчера и денеска, 16 и 17 мај, во Стразбур.

Неколку земји сојузнички на Косово, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Германија и Франција, побараа од Владата на Албин Курти да преземе конкретни дејствија во правец на основањето на Зеаедницата на општини со срспско мнозинство, по што приемот во СЕ би бил гарантиран. Курти одби да го стори тоа, тврдејќи дека Приштина ги исполнила сите барања поставени претходно од СЕ, а Заедницата досега не била услов за зачленување во организацијата.

Сепак, вчера министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала информира дека е испратено писмо до СЕ во кое се најавува дека Владата во Приштина до крајот на месецов ќе достави пред Уставен суд свој нацрт за ЗСО. Меѓутоа, како одговор на писмото на Грвала, германската амбасада во Косово, повикувајќи се и на другите земји од групата Квинта – САД, Велика Британија, Франција и Италија – објави дека нивното барање беше нацрт-статутот, и тоа оној изготвен од експерти на ЕУ, да се достави до Уставниот суд пред состанокот на Комитетот на министри на СЕ.

Tags: КосовоСовет на Европа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ