• Latest
Фотографија: Скриншот

„Игрите без граници“ на Додик

April 8, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

„Игрите без граници“ на Додик

April 8, 2025 14:28
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, ТОП 5
Фотографија: Скриншот

Фотографија: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Иако Судот на Босна и Херцеговина издаде наредба за негово апсење, претседателот на РС Милорад Додик слободно се движи и се среќава со светските лидери. Во меѓувреме, Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, ги повика ЕУ и ЕУФОР веднаш да реагираат.

За Додик нема граници

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, продолжува слободно да патува надвор од границите на Босна и Херцеговина, иако против него има централна потерница во БиХ, распишана поради обвинувања за непочитување на одлуките на високиот претставник и поткопување на уставниот поредок на државата, се наведува во статија на Форбс.бих.

По посетата на Израел и средбата со премиерот Бенјамин Нетанјаху, Додик неодамна ја посети Москва, каде што разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа серија меѓународни состаноци предизвика бран политички реакции и загриженост во Босна и Херцеговина, имајќи предвид дека локалните власти не ја спроведуваат одлуката на Судот на Босна и Херцеговина, а институциите на ентитетите јасно го штитат Додик.

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ побара од Европската унија и мисијата ЕУФОР да реагираат:

Очекуваме конкретна помош од ЕУФОР за апсење на Додик. Неговиот пркос на уставниот поредок и заканите со насилство не се само домашен проблем, туку и поширока регионална безбедносна грижа, која бара итен меѓународен ангажман“, порача Конаковиќ.

Тој додаде дека очекува зајакнат и координиран одговор од домашните институции, кои, како што посочи, мора да се зајакнат и поддржат во одржувањето на владеењето на правото, зачувувањето на уставниот поредок и заштитата на демократскиот пат на државата.

Судски вакуум и политички хаос

Додик е обвинет за одбивање да ги спроведе одлуките на ОХР, како и за усвојување закони во Националното собрание на РС со кои се обидува да ја дерогира правната рамка на БиХ. Поради ова, Судот на Босна и Херцеговина изрече првостепена одлука за неговото политичко дејствување и му се закани со затворска казна, но до ден денес не е уапсен, иако има централна наредба во државата.

БиХ побараа од Интерпол да се издаде црвена потерница, но тоа не се случи. На ова се спротивставија Србија и Унгарија со поднесување жалба на барањето за издавање црвена потерница на Интерпол

Додик, во целата своја ароганција им се подсмева на институциите, но и на ЕУ, тој порача дека ќе се кандидира за претседател на РС, а некои во Европа ќе „скокаат“ за тоа.

Отсуството на реакција од судските и полициските институции дополнително ја продлабочува правната и политичката криза во БиХ. Додека државното судство нема извршни механизми за извршување на сопствените одлуки на територијата на ентитетот РС, Додик ги користи институционалните дупки за да се позиционира како клучен играч на меѓународната сцена, претставувајќи ја РС како посебен политички субјект во преговорите и дипломатските состаноци.

И покрај алармантните апели од Сараево, меѓународната заедница се уште не зазеде јасен став за однесувањето на Додик. Неговите средби со лидери како Нетанјаху и Путин јасно покажуваат дека тој ја користи својата позиција за зајакнување на паралелната дипломатија, а во исто време ги игнорира институциите на државата во која е претседател на ентитетот.

Австрија и Германија воведоа санкции и забрана за влез на Додик, но тој сепак предизвика дипломатски скандал со протерувањето на германската министерка Ана Лурман.

Во образложението на Владата на РС се наведува дека тие ја донеле оваа одлука како „реципрочна мерка“ откако Германија заедно со Австрија во четвртокот го забрани влезот на лидерот на босанските Срби Милорад Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ поради загрозување на спроведувањето на Дејтонскиот договор.

Колкава е политичката моќ на Додик? 

Босна и Херцеговина се наоѓа пред сериозен тест – дали институциите на државата ќе имаат сила да ги спроведуваат законите подеднакво на целата територија, или политичката моќ и заштитата на структурите на ентитетите ќе продолжат да го уриваат државниот поредок?

Секако, и Европската унија, којашто досега немаше некаква отсечна реакција за однесувањето на Додик, освен реакциите на Австрија и Германија, доколку набргу не реши како ќе настапи по ова прашање, ќе има дополнителна одговорност, покрај институциите на БиХ.

Подготви: Д. Тахири 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ