• Latest

Илинден е наш, заеднички

July 23, 2019
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Илинден е наш, заеднички

Јасно е дека зад ваквите "храбри" поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори и од дома и од надвор. Затоа, тие мора да се соочат со полната сила на законот. И општеството мора да се соочи со овие онлајн екстремисти, не со молк, туку со гласно отфрлање и осуда. А тие што организираат или поддржуваат вакви наци настани, треба да знаат: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нема да им го дадеме!

July 23, 2019 13:13
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да беше било кој лумпен патриот од рангот на онаа, божем лева, а фашистичка братија од двакца без тројца, некое друго братство или сестринство, некоја Единствена Македонија или друга хулиганска збирштина во прашање, овој рафал немаше ни да помислам да го пишувам. Веројатно, ќе напишев пост на Фејсбук во стилот “Пуштете ги будалите, не вреди да се трошат зборови на нив”. Избегнувам да пишувам и за суштества со интелектуални и општествено политички капацитети и димензии далеку пониски и од оние кај растителните вошки, па така немаше да пишувам ни за авторката на повикот “Да им покажеме на северџаните…” да не беше во прашање системот. Зошто?

Затоа што има прес легитимација. И тоа, новинарка е на националниот телевизиски сервис, оној, реформираниот, во демократска земја, ослободена од режимските стеги на груевизмот. А дали навистина е? Прочитавме навреди, говор на омраза и повик на нереди по повод одбележувањето на Илинденското востание. Новинарка што ја плаќаме сите ние, нѐ подели на северџани и тие што таа ги смета за патриоти. И?

До моментов, нема реакција од институциите на државата во која постои национална стратегија “Едно општество за сите”, а се формираше и цело едно министерство за политички систем и односи меѓу заедниците… Не слушнав дека обвинителството покажало интерес да покрене кривична постапка.

Не видов ни некоја реакција, било каква, ни од матичната куќа на оваа новинарка чија величина е обратно пропорционална на нејзините примања што се астрономски, како што дознавам! Чичко Гугл ми исфрли на површина едно соопштение од ЗНМ во кое најголемото новинарско здружение во земјава ја зема новинаркава на МТВ во заштита и остро го осудува МВР за наводно попречување на нејзината работа. Како член на ЗНМ од 1989 година, со внимание ги читам и ги поддржувам соопштенијата на оваа организација. Сега се прашувам дали тоа е исправно. Но, еве, ќе почекам, можеби нешто ќе се случи по објавувањето на овој рафал. Не сум сигурен ни дека видов некоја реакција од невладините фолиранти, инаку декларирани партнери на владата во спроведување на стратегијата „Едно општество за сите“. Или, нема парички за проекат, па нема зошто да се заморуваат со вакви работи?!

Да се вратам на повикот за инциденти против државата. И на обидот за државен удар (27 април 2019) му претходеа вакви постови на социјалните мрежи. Овој повик и (отсуството на) реакцијата е илустрација за нефункционирањето на институциите, правната држава и граѓанското општество. Тажно, би рекла една Солза, качена на пивска гајба… На мизерен начин, преку оваа госпоџа новинарка, уште еднаш, по кој знае кој пат, гледаме потврда дека МРТВ е еден огромен, штетен, мрсен и зол паразит кој голта милиони евра наши пари.

И ќе повторам, не заслужува оваа личност, ниту нејзината постапка, толкав текст да се пишува. Таа е само рецка во нашиот мерач на глупоста и омразата. Тоа што алармира е инфицираноста на системот и отсуството на реакција. МРТВ е наша куќа, заедничка, ја плаќаме преку буџетот. Куќа што ни ја украдоа вакви суштества… Таа иста куќа, нашата куќа, плаќа илјадници евра месечна плата, за некој ваков лик? Па колку вакви има онаму, бре? Но, кога може Марјан Цветковски да биде директор на МРТВ, што да се зборува понатаму?

Дента кога се појави повикот, иако користев одмор, се вклучив во работата на моите другарки и другари кои веднаш реагираа на оваа фашисоидна онлајн акција на радикалите. Реагиравме, затоа што, без оглед на тоа колку тоа изгледа како индивидуален, квази патриотски чин, ова е дел од долгорочна стратегија за дестабилизација на земјата. Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница.

Природно е секој да очекува од институциите, ако ова е нормална држава, да реагираат веднаш и решително на секоја деструкција, пред таа да уништи грижливо градени односи. Мора од некаде да се почне!

Од каде толку остра реакција за еден “осамен пост на Фејсбук”? Прво, не е осамен. Јасно е дека зад ваквите “храбри” поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори и од дома и од надвор. Затоа, тие мора да се соочат со полната сила на законот. И општеството мора да се соочи со овие онлајн екстремисти, не со молк, туку со гласно отфрлање и осуда. А тие што организираат или поддржуваат вакви наци настани, треба да знаат: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нема да им го дадеме! Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток, па ќе разговараме.

А великата новинарка, за неа е одговорен системот. Да го почекаме системот уште ден-два, да реагира. Ако системот не реагира, тоа ќе стане наша одговорност. До мигот кога тивкото мнозинство веќе нема да биде вака тивко и незаинтересирано. Или, па, да им го дадеме нашиот дом, а ние да си одиме?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Tags: граѓанско општествоЗНМИлинденМРТВнационализамобвинителство
Share64Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ