“Мислам дека медиумите го направија своето, исто и партиите. Информирањето е максимално добро и се надевам дека ќе биде успешен“, изјави еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали имаат доволно инфромации за референдумот.
„Па мислам дека има доволно информираност, луѓето се запознаени што не очекува, јас ќе гласам за, оти тоа е иднината на Македонија. Инаку не чека лошо, ако не се прифати Договорот“, беше одговорот на друг граѓанин.
Дел од граѓаните сметаат дека е потребна поголема информираност од таа што ја имаат до сега.
„Што се однесува на прашањето за информациите за тоа колку се информирани граѓаните околу Договорот кој се постигна меѓу Македонија и Грција мислам дека треба една по агресивна кампања во овој поглед да се информира секој граѓанин за тоа што станува збор“,
„Ќе дојдам и ќе гласам. Мислам дека дојде ново време за младата генерација која што очекува подобар живот. Наместо да земат бугарски пасош, ќе имаме македонски пасош, со кој ќе може да одиме кај сакаме“, изјави друг скопјанец.
„Не сум запознаена со тоа, јас сум за бојкот“, беше одлучна една од граѓанките.
Ариан Мехмети
Камера: Атанас Петровски