• Latest

Институциите се глуви за стравот и маките на граѓаните

September 24, 2016
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Институциите се глуви за стравот и маките на граѓаните

September 24, 2016 16:15
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На неполни 15 минути од центарот на градот, во реонот Кисела Вода 2, со години земјата тивко се свлекува со секој нов пороен дожд. Земјиштето е во приватна сопственост, а на плацот се наоѓа куќа, која во моментов, е под директна опасност од ново свлекување. Нивото на улицата е дваесетина метри над куќата и единствениот приод е по скали. Нормално, дворот е каскаден, а сопствениците пред 30 години изградиле потпорни ѕидови. До 2013-та година, немало никаков проблем…

14011968_1132840300095498_466826409_n

Потоа, како што информираше граѓанскиот новинар кој одлучи да биде анонимен, асфалтот на улицата бил заменет со павер елементи и погаш почнала земјата да се свлекува. Сопствениците тоа го пријавиле во Општина, а добиле одговор дека проблемот настанал поради замената на асфалтот и немањето атмосферска канализација!

14011939_1132855820093946_788933875_n

Во писмениот одговор не стои кога ќе се реши проблемот. Оттогаш,никој не дошол да изврши увид на теренот, ниту некој се заинтересирал.

unnamed

Оваа пролет, со првиот посилен дожд, потпорниот ѕид кој е најблиску до куќата, се урнал. За среќа, доволно далеку, за да не предизвика материјална штета на куќата. Пријавено е во Дирекцијата за заштита и спасување и во Центарот за управување со кризи. Побаран е и прием кај градоначалничката, сето тоа – без резултат. Сопствениците сами го расчистиле теренот.

Одронетиот ѕид сега е заграден, за да не се случи уште поголема катастрофа, затоа што од другата страна, на меѓата со соседниот плац, надвиснува огромна карпа, под која секој пороен дожд ископува се поголема дупка. А во куќата живее мало дете.

Минатиот месец, кога се случи поплавата во Скопје, имало уште едно свлекување на земјата и сега веќе изгледа како да се образува канал. Во подножјето на дворот, моментално се свлечени околу 150 кубни метри земја и камења, а постојат најмалку три точки на опасност од ново свлекување.

unnamed (1)

Во околината многу често се случува водата да го „измие“ асфалтот, па од страна и оздола се гледа дека улицата е „шуплива“.  Една дупка моментално се санира на улицата „Мариовска“.

civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414-1-200x166Оваа содржина се објавува во рамките на септемврискиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ – Центар за слобода, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: Граѓански објективКисела ВодаМакедонијапоплавасвлечиштеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ