Истражувањто на Институтот за стратешки истражувања и едукација покажува дека 20 отсто од студентите на јавните универзитети сметаат дека корупцијата е екстремно присутна на факултетите каде студираат, додека 24% сметаат дека корупцијата е умерно присутна.
Според истражувањето, на секој 1 од 10 студенти во Македонија професор му побарал мито за време на студирањето.
Поради стравот од последиците, мал број на студенти пријавиле корупција , а голем дел од нив не се ни запознаени со начините на пријавување на истата. Истражувањето покажало дека на студентите ќе им се поедностави овој процес, доколку се воведе онлајн формулар за пријавување. Оттаму според Докмановиќ, проблемот би се решил доколку студентите би биле подобро информирани.. Владимир Горгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, вели дека корупцијата се генерира одвнатре , од службите.
Истражувањето е спроведено на 300 студенти пропорционално распределени од јавните универзитети во земјава. Истото истражување во Албанија покажало дека студентите се поинформирани како да пријават корупција, а во Србија пак има помала перцепција за нудењето мито.