„ЕУ и НАТО треба да продолжат да покажуваат решителност и да го забрзаат процесот на интеграцијата и членство за Украина и за другите земји кои бараат да им се придружат.
И не треба да толерираат лидери на кои било земји членки или лидери на други земји кои во процесот на интеграција/пристапување ги оспоруваат единството и решителноста на ЕУ/НАТО.
Руската агресија против Украина е уште еден горчлив потсетник за луѓето низ светот дека нивните аспирации за слобода, демократија, владеење на правото и граѓански права не можат и не смеат да бидат земени здраво за готово. Тоа е уште еден потсетник дека диктаторите, диктаторските режими и нивните помошници, се постојана и непосредна закана за глобалниот мир и безбедност. Секоја поддршка за Путин и Русија е поддршка за агресорот. Секоја поддршка за Украина и нејзиниот народ е поддршка за слобода“
Цитат од говорот на Астрит Истрефи од Балкан Форум, на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“.