• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европскиот парламент бара да се отстранат мерките на ЕУ за Косово; Што е причината зад дигиталниот хаос на изборите во Косово; СПАК ќе истражува изборен криминал, Рама е против; ЕУ бара политичко немешање во специјалното обвинителство

February 20, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европскиот парламент бара да се отстранат мерките на ЕУ за Косово; Што е причината зад дигиталниот хаос на изборите во Косово; СПАК ќе истражува изборен криминал, Рама е против; ЕУ бара политичко немешање во специјалното обвинителство

February 20, 2025 12:14
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Европскиот парламент денеска на дневен  ред и нацрт извештајот за Косово, во кој се бара отстранување на мерките воспоставени од ЕУ, известуваат косовските медиуми.

Во Албанија, СПАК најави истраги за изборен криминал, за што албанскиот премиер Еди Рама се спротивстави со тврдење дека не може да има истраги на партиите за време на изборна кампања. Во меѓувреме, од ЕУ порачуваат дека не смее да има политичко мешање о работата на СПАК.

Во денешното издание на АЛ-Прес одбравме колумна од косовскиот автор и аналилитчар, Енвер Робели, во која се осврнува на Минхенската безбедносна конференција и реакциите на европските политичари по неа.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Бота Сот: Европскиот парламент бара ЕУ да ги отстрани мерките за Косово, нацрт-извештајот денеска на дневен ред на Комитетот за надворешна политика

Нацрт-извештајот на Европскиот парламент, чиј автор е Рихо Терас, известувач за Косово, бара од Европската унија да ги отстрани мерките против Косово, кои беа наметнати во јуни 2023 година, пренесе Бота Сот.

На веб-страницата на Европскиот парламент, соопштено е дека овој нацрт-извештај денеска е на дневен ред на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент.

Откако нацртот ќе биде изменет, овој извештај мора да биде одобрен во оваа комисија и потоа да се стави на гласање во Европскиот парламент.

Телеграфи: Дигиталниот хаос зад изборите во Косово

Наводните сајбер напади на веб-страницата на Централната изборна комисија на Косово имале за цел да ја нарушат довербата во косовските институции, да поттикнат немири и да создадат политички хаос, оценува професорот по безбедносни науки на Косово, Авни Ислами.

„Самите граѓани на Косово избегнаа да ја реализираат таа цел, да не станат плен на мешање и дезинформации“, посочи Ислами.

Вршителот на должноста вицепремиер на Косово, Бесник Бислими, алармираше на 18 февруари, велејќи дека безбедноста на државата Косово е доведена во опасност преку лажни вести и сајбер напади на веб-страницата на ЦИК, како за време на предизборната кампања, така и на денот на изборите, на 9 февруари.

Истиот ден за мешање во изборите зборуваше и германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Рохде, кој прстот го впери кон Србија, пренесе Телеграфи.

ТВ 21: Пребројани се над 92 отсто од гласовите за кандидатите за пратеници

Процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници е при крај.

Според податоците на општинските пребројувачки места, до 19 февруари се преброени 92,73 отсто од избирачките места, што опфаќа 2.349 од вкупно 2.533 избирачки места.

„Според податоците добиени од општинските пребројувачки центри, во кои продолжува или е завршен процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници од Изборите за Собранието на Косово, до 19 февруари 2025 година, 92,73% од избирачките места или 2.349 се пребројани на огласот ИК од 2,пренесе ТВ 21.

Процесот на броење е завршен во 31 општина, а продолжува во општинските пребројувачки центри во 7 други општини: Лепосавиќ, Пеја, Подујево, Приштина, Призрен, Феризај и Звечан.

АЛБАНИЈА

Шекули: СПАК и Обвинителството на Тирана ќе истражуваат изборен криминал, Рама е против: Веруваме дека е грешка, политичките партии не можат да се следат во текот на кампањата

Политичките партии не можат да бидат следени за време на изборната кампања“, изјави премиерот Еди Рама еден ден откако СПАК и Обвинителството на Тирана најавија формирање на посебни оддели „за истрага на кривични дела кои влијаат на слободните избори“.

Не можеме да се вратиме во црните времиња за да се следи кој и да се занимава со политика“, потенцираше премиерот утрово во живата комуникација со граѓаните преку „Фејсбук“. Тој побара да престанат ваквите проверки на терен, пренесе Шекули.

Ора њуз: ЕУ со реакции на нападите врз обвинителите: Работата на СПАК да се одвива без политичко мешање

Делегацијата на Европската Унија ја истакна важноста на независноста на Специјалниот обвинител против корупција и организиран криминал (СПАК), како клучен елемент за зајакнување на владеењето на правото во Албанија.

Во реакцијата, Делегацијата на ЕУ нагласува дека истрагите и кривичното гонење на СПАК мора да се спроведуваат без политичко мешање или неправеден притисок, со што се поддржува независноста на оваа институција во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Пренесе Ора Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Минхенски грмотевици

„Сепак, по Минхенската безбедносна конференција, Европа се разбуди во нов свет. Шокот бил толку голем што европски дипломат рекол: „Сите треба да одат на терапија“.

Но, покрај драматичните тонови, треба да се забележи дека САД ниту го спомнаа повлекувањето на американските трупи од Европа, ниту ја доведуваа во прашање одбраната на Европа со своето нуклеарно оружје. Иако којзнае што може да се случи. Европа (и светот) сега е тивка, само кога истакнатиот жител на Белата куќа ќе се измори од потпишување декрети и ќе заспие.

За Европа сега е голем предизвик што во разговорите за Украина Европејците нема да играат централна улога. Трамп и Путин сакаат да бидат на голема маса. Како што истакна еден германски весник, многу Европејци сега, по 80 години пријателство со САД, се чувствуваат како бескорисни робови. Со децении, Европејците живеат во илузија дека безбедноста и благосостојбата се засекогаш гарантирани од САД.

По 80 години под американскиот заштитен чадор, викендов Европејците се разбудија од длабокиот сон. Имаше и други американски претседатели кои се обидоа да ги разбудат Европејците од сон (Барак Обама, Џо Бајден). Доналд Трамп го прави тоа на свој начин.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Минхенски грмотевици“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ