• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската влада инсистира да се отвори мостот на Ибар, меѓународната уште поостра; Курти ги повика српските граѓани да ги конвертираат возачки дозволи

August 9, 2024

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската влада инсистира да се отвори мостот на Ибар, меѓународната уште поостра; Курти ги повика српските граѓани да ги конвертираат возачки дозволи

August 9, 2024 10:47
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Митровица вчера се изврши тестирање на тешки возила врз мостот на реката Ибар, пред најавеното отворање од страна на косовската влада, а беше организирана и јавна дебата за придобивките од отворањето. Но, меѓународната заедница побара тоа прашање да биде дел од дијалогот со Србија, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од Албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

КОСОВО

Газета Експрес-  Тестирање на мостот на Ибар: Владата инсистира на отворање, меѓународната уште поостра

Тешки камиони се забележани во четвртокот на мостот на реката Ибар, кои ги договори Владата на Косово. Целта беше да се тестира издржливоста на мостот кој Владата се подготвува да го отвори иако меѓународната заедница  побараа таквото прашање да биде дел од дијалогот.

За да ја оправдаат одлуката за отворање на мостот за сообраќај на возила, Владата и општина Северна Митровица организираа јавна расправа, но многу малку граѓани се одзваа на поканата.

Некои српски граѓани изразија загриженост дека отворањето на мостот на реката Ибар може да ги зголеми меѓуетничките тензии.

За време на дебатата, претставници на Владата на Косово и на полицијата понудија безбедносни гаранции во случај на отворање на мостот за сообраќај – цел на која се противат локалните Срби и меѓународната заедница.

А неколку часа подоцна, мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, ја демантираше Владата на Косово во врска со тестирањето на мостот на реката Ибар.

Од КФОР изјавија дека техничкиот преглед на мостот на реката Ибр во Митровица не бил координиран со нив.

„Свесни сме за извештаите дека техничкиот преглед на мостот на реката Ибер во Митровица е координиран со мисијата КФОР предводена од НАТО. Тоа не е точно“, изјави портпаролот на КФОР.

„Нашата изјава од 6 август 2024 година беше јасна: командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, беше известен од директорот на косовската полиција на денот на првичната проверка, само неколку часа пред да започне“, пренесува Газета Експрес.

РТК: Курти ги повика српските граѓани да ги конвертираат  своите возачки дозволи, рокот е продолжен за уште две недели

Премиерот Албин Курти ги покани српските граѓани на Косово, кои се уште не поднеле барање за претворање на нелегалните возачки дозволи во легитимни, да го сторат тоа до 23 август.

Курти во објава на платформата „Х“, соопштувајќи дека рокот е одложен до 23 август, им се заблагодари на сите граѓани кои позитивно одговориле на повикот за пријавување.

„За три месеци добивме вкупно 5.588 барања од наши сограѓани од Србија за претворање на возачките дозволи од оние издадени од диви и паралелни структури од Србија во легитимни и официјални на Република Косово.

Поради големиот интерес, решивме да го одложиме рокот за уште две недели, изјави Курти, пренесе РТК.

РСЕ: Министерството за надворешни работи го потврди пристигнувањето на  телото на Фатон Хајризи на Косово

Министерството за надворешни работи и дијаспора соопшти дека мртвото тело на косовскиот државјанин Фатон Хајризи, кој беше убиен во Љозница, Србија, пристигна на Косово.

„По пристигнувањето на мртвото тело на косовскиот државјанин, надлежните институции на Република Косово спроведуваат натамошни форензички постапки за негова идентификација и проверка“, се вели во соопштението од МНР, пренесе Радио Слободна Европа.

АЛБАНИЈА

АБЦ – Продолжен мандатот на амбасадорите/ Нов закон: Од 3 на 4 години, ќе служат до два мандата

Мандатот на амбасадор, во дипломатско седиште, нема да биде 3, туку ќе трае 4 години. Ова е една од измените предвидени во новиот предлог-закон за дипломатска служба, неодамна поднесен на јавна консултација.

Во важечкиот закон, кој последен пат беше изменет во 2015 година, предвидено е дека: „Функцијата на шеф на дипломатската мисија по правило е 3 години“. Но, во новите измени е ставен во ограничување во однос на правото за вршење на должноста амбасадор или конзул.

Член 32 точка 6: Мандатот на шефот на дипломатската мисија е четири години. Шефот на дипломатската мисија не може да врши повеќе од два последователни мандати во дипломатските претставништва и конзуларните претставништва“, пренесе АБЦ.

КОЛУМНА

Коха: Водич за заштита на демократијата (1)

Ова е и нашата предност денес. Имаме луксуз да учиме од грешките на нашите предци.

„Ова е и причината зошто ми беше корисно да ги посветам следните две колумни на петте лекции што можеме да ги научиме од колапсот на демократиите од минатиот век.

Во првата колумна ќе видиме зошто секогаш кога лидерите зборуваат за „вонредни“ околности, треба да ги вклучуваме алармите на демократијата.

Вокабуларот „вонредно“ историски има за цел да создаде алармантна средина и да го подигне чувството на несигурност кај граѓаните со цел да го урива постојниот демократски поредок под превезот на „вонредни“ околности.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Водич за заштита на демократијата (1)“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ