• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Никола и Османи на Самитот на НАТО; Празнините во обвинителскиот систем во Албанија – зголемен товар за обвинителите

July 9, 2024
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Никола и Османи на Самитот на НАТО; Празнините во обвинителскиот систем во Албанија – зголемен товар за обвинителите

July 9, 2024 10:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 75 годишнината на НАТО, на Самитот што ќе започне денеска во Вашингтон, ќе учествуваат и претседателката на албанскиот парламент, Линдита Никола и претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесуваат албанските медиуми во регионот.

Во Хаг продолжува судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: 75-годишнината од НАТО, претседателката на Собранието, Линдита Никола, на парламентарниот самит

Претседателката на Собранието, г. Линдита Никола, на Парламентарниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од Алијансата, јави Факс Веб.

Од 8 до 9 јули во Вашингтон се одржува Парламентарниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од Алијансата.

Претседателката на Собранието, г. Линдита Никола и претседателката на парламентарната делегација на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, г. Мими Кодели.

Во пресрет на Самитот, претседателот Никола и г. Кодели учествуваше на приемот организиран од претседателот на Претставничкиот дом на САД, г-дин Мајк Џонсон, за претседателите на парламентите и парламентарните делегации на земјите членки на Алијансата, на Капитол Хил.

ВОА: Албанија, обвинителите во тешкотии, празнините во системот го зголемуваат товарот

Во Албанија, обвинителскиот систем веќе неколку години ги трпи последиците од смената на обвинителите поради проверка. Во 15-те истражни органи од општа надлежност недостасуваат 40 отсто, со што тројно се зголемува работата за дежурните обвинители.

Експерти од правната област изјавија за Гласот на Америка дека овој товар го става во ризик квалитетот на истрагата. Раководителите на Јавното обвинителство го признаваат проблемот и велат дека се очекува дупките во системот да се пополнат за 5 години.

Во меѓувреме, појаснуваат дека за справување со товарот преземени се мерки со додавање на службеници од правосудната полиција, кои се важна алка за поддршка на обвинителите во истражните процеси.

КОСОВО

Бота Сот: Претседателката Османи  Османи учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон

Од денеска до 11 јули во Вашингтон ќе се одржува Самитот на НАТО по повод 75-годишнината од најголемата воена организација во светот, јави Бота Сот.

Покрај претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и други лидери, учествува и претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Тридневниот самит, кој започнува во вторник, ќе се фокусира на начините за обезбедување континуирана поддршка на Украина од НАТО и ќе им понуди одредена надеж на нејзините граѓани кои се уморниле од војна дека нивната земја може да го преживее најголемиот копнен конфликт во Европа во последните децении.

Зери: Продолжува судскиот процес против поранешните водачи на ОВК

Во Специјализираните комори на Косово во Хаг денеска ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи, пренесува Зери.

Во Хаг денеска шести ден по ред се очекува да го продолжи сведочењето 75-от сведок на Специјалното обвинителство (СЈО), Бислим Зирапи.

Вториот дел од вчерашната седница, за судскиот спор против поранешните лидери на ОВК, не се одржа. Судијата претседавач, Чарлс Смит Трети, рече дека се одложува за вторник (денеска).

КОЛУМНА

Коха: „Другите регионални прашања“ на Лајчак

„Интересно е како Лајчак секогаш инсистира да се спомене неговата целосна улога, не само како специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија, туку и за „другите регионални прашања на Западен Балкан“.

Со кои други „прашања“ се занимава во последните четири години, освен со дијалогот, не знаеме. Всушност, другите држави од регионот не сакаат Лајчак да зборува за нив, бидејќи сметаат дека на тој начин влегуваат во групата на проблематични земји. Тоа важи и за Албанија, чиј министер го покани Лајчак да се занимава со дијалогот и да не се меша во други прашања.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Другите регионални прашања“ на Лајчак, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ