• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Отворен тунелот Порто Палермо во Валона; Денеска ќе се објави Извештајот за стабилноста на мостот на Ибар

August 13, 2024

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Отворен тунелот Порто Палермо во Валона; Денеска ќе се објави Извештајот за стабилноста на мостот на Ибар

August 13, 2024 10:34
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За прв пат по 32 години се отвора портата на утврдениот тунел на Порто Палермо. Ова е првиот чекор од проектот на Министерството за одбрана за санација на целиот инфраструктурен комплекс во заливот Панорма за воени и цивилни функции, пренесоа албанските медиуми.

Дали мостот на Ибар е доволно стабилен за сообраќај на возила се очекува денеска да се знае преку извештајот што го состави компанијата што ги направи мерењата и испитувањата на мостот.

Извештајот се очекува прво да биде доставен до Министерството за инфраструктура, заменик министерот Хисен Дурмиши. Тој вчера рече дека извештајот излегува денеска, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

НОА: По 32 години се отвори портата на тунелот  Порто Палермо

За прв пат по 32 години се отвора портата на утврдениот тунел на Порто Палермо. Ова е првиот чекор од проектот на Министерството за одбрана за санација на целиот инфраструктурен комплекс во заливот Панорма за воени и цивилни функции.

Проектот има за цел добра администрација на областа која се претвора во привилегирана туристичка дестинација, почитувајќи ги еколошките норми и нудејќи највисоки безбедносни услови за пловидба.

Следниот чекор ќе биде неинвазивна адаптација на објектите на комплексот кои повеќе не уживаат воени функции, со цел да се создаде одржлива туристичка атракција.

Проектот меѓу другото, има за цел да ги врати во техничка подготвеност овие скапоцени средства на нашите поморски сили, кои можат да служат за потребите на националните и меѓународните вежби. Отворањето на тунелот беше извршено под раководство на инженерскиот персонал на Инженерскиот баталјон и помина без проблеми и покрај преку 3 децении неактивност.

Тунелот служел како автономна база за засолниште и безбедно поминување на поморските бродови од тоа време, во рамките на полуостровот Порто Палермо. Отворањето на челичната капија на овој воден тунел обложен со армиран бетон, за прв пат по долго време го стави во движење неговиот механизам.

Изградбата на овој тунел започна во 1969 година и траеше до 1988 година. Служеше за засолниште и безбедно минување на поморските бродови од тоа време, истовремено служејќи и како моќна и заштитена база, пренесе НОА.

Глас на Америка – Студија на ИПС: Собранието во Албанија не се бори со судирот на интереси на пратениците

Во Тирана Институтот за политички студии во извештајот за интегритетот на Собранието нагласува дека парламентот нема функционални механизми да го избегне и спречи судирот на интереси на пратениците.

Директорот на овој Институт Др. Африм Красниќи за Гласот на Америка вели дека Собранието е една од најмалку транспарентните и најмалку одговорните институции во Албанија. Една од главните грижи на мониторите на интернет провајдерите остануваат неформалните, нетранспарентни разговори меѓу законодавците и приватните компании за закони и нарачани одлуки, поврзани со проекти од милиони евра.

КОСОВО

Зери – Камбери: Пасивизацијата на адресите на Албанците, чекор на Србија за нашa депопулација

Шаип Камбери, пратеник во Собранието на Србија, зборуваше за вчерашниот протест одржан во Прешево против угнетувањето и дискриминацијата што ја вршат српските власти врз Албанците.

Тој рече дека целта на овој протест е официјален Белград да биде принуден да ги спроведе претходно постигнатите договори, потпишани сами од себе.

Единствениот албански пратеник во Собранието на Србија, Шаип Камбери, изјави дека постои план што го подготвил Албанскиот национален совет, заедно со ОБСЕ, кој предвидувал рок за интеграција на Албанците од долината, додавајќи дека неколку поминаа години, а тој план сè уште не е спроведен, пренесе Зери.

Епока е Ре: Денеска ќе се објави Извештајот за стабилноста на мостот на Ибар

Дали мостот на Ибар е доволно стабилен за сообраќај на возила се очекува денеска да се знае преку извештајот што го состави компанијата што ги направи мерењата и испитувањата на мостот.

Извештајот се очекува прво да биде доставен до Министерството за инфраструктура, заменик министерот Хисен Дурмиши. Тој вчера рече дека извештајот излегува денеска.

„Утре ќе излезе извештајот. Фирмата ни го испраќа, а ние (Министерството) го објавуваме“ – изјави Дурмиши.

На 08.08.2024 година Дурмиши за медиумите изјави дека во рок од два-три дена го очекуваат конечниот извештај по тестовите и мерењата на мостот на Ибар, пренесе Епока е РЕ.

КОЛУМНА

Коха: 32 гола и за интеграција на Албанците во Швајцарија

„Некогаш оставката на фудбалер е поважна од оставката на министерот. Ова се случи пред една недела во Швајцарија, кога Џердан Шаќири преку платформата Х објави дека повеќе нема да игра за швајцарската репрезентација, која Швајцарците ја нарекуваат „Нати“, што се изговара „наци“ – а овој изговор често предизвикува забуна кај Германија. Па тоа е друга тема.

Оставката на Шаќири беше главна тема во весниците, дигиталните платформи, телевизијата, радиото. Се пишуваа портрети, анализи, коментари, се емитуваа хроники, швајцарската јавна телевизија на социјалните мрежи сподели колаж со 32-те гола кои Шаќири ги постигна за Швајцарија додека беше во служба на швајцарската репрезентација.“, пишува  Авторот Енвер Робели во колумната „32 гола и за интеграција на Албанците во Швајцарија“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиуми. регионизбор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ