• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Проектот на Кушнер на албанската ривиера е „закана“ за италијанската Пулија; Бериша се појави во СПАК; Изброени и поштенските гласови во Косово; 750 косовски Срби ќе бидат употребени за дестабилизација на протестите во Србија

March 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Проектот на Кушнер на албанската ривиера е „закана“ за италијанската Пулија; Бериша се појави во СПАК; Изброени и поштенските гласови во Косово; 750 косовски Срби ќе бидат употребени за дестабилизација на протестите во Србија

March 3, 2025 12:27
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанската влада го одобри проектот на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп и зет на американскиот претседател Доналд Трамп. „Планираната инвестиција од 1,4 милијарди евра во туристичкото место на островот Сазан ги исполнува критериумите утврдени со законската регулатива за стратешки инвестиции, а изградбата, а потоа и заживувањето на овој проект претставува голема загриженост на туристичкиот регион Пулија во Италија, пишуваат албанските медиуми.

Во Центарот за броење и резултати (ЦНР) продолжува процесот на броење на гласачките ливчиња од гласањето по пошта надвор од Косово, а утрово беа пребројани 124 од вкупно 187 гласачки кутии (66,31%) на гласачи од различни општини, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Лапси: Зеленото светло за проектот на зетот на Трамп ја загрижува италијанската  Пулија

Прво воена база за комунистичкиот режим на Енвер Оџа, потоа скапоцено место за Guardia di Finanza и крајбрежната стража во борбата против трговијата со луѓе долж каналот Отранто и на крајот ексклузивна локација избрана од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп за нов предлог од неговата инвестициска компанија да го катапултира на пазарот на луксузен туризам.

Сценарио од геополитиката од минатиот милениум, додека сега се оформува многу поинаква иднина за оваа повеќе или помалку ненаселена карпа благодарение на операцијата за недвижнини што ја проектира кон почесно место во каталогот на соништата резервирано за милионери кои летуваат.

Пресвртот дојде пред неколку недели. Албанската влада го одобри проектот на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп и зет на американскиот претседател Доналд Трамп. „Планираната инвестиција од 1,4 милијарди евра во туристичкото место на островот Сазан ги исполнува критериумите утврдени со законската регулатива за стратешки инвестиции“, пишува Тирана во одредбата со која беше дадено зелено светло за функционирањето на фондот „Афинити партнерс“, кој е предодреден да ја промени судбината на островот, се наведува во статија на Лапси.

Албеу: Бериша денеска во СПАК, демократите собирани пред Специјалното обвинителство

Претседателот на Демократската партија Сали Бериша денеска  се појави во Специјалното обвинителство (СПАК), за да ја спроведе безбедносната мерка „обврска за јавување“, одлучи Апелација ЃККО во врска со случајот „Партизани“.

Во меѓувреме, структурите на ПД во Тирана ги известија поддржувачите да се соберат пред Специјалното обвинителство, исто како и во претходните случаи кога Бериша се појави пред СПАК.

Ова нема да биде првпат приврзаниците на првиот демократ Бериша да го поддржат при неговото појавување во обвинителството, бидејќи биле присутни во сите времиња кога поранешниот премиер ги почитувал безбедносните мерки, пренесе Албеу.

КОСОВО

Телеграфи -Поранешен градоначалник на Грачаница: 750 Срби од Косово ќе бидат искористени за заштита на Вучиќ и дестабилизација на протестите во Србија

Српската влада планира во март да донесе неколку стотици Срби од Косово во Белград за да ги искористи како алатка за предизвикување инциденти и уништување на студентските протести, изјави Бранимир Стојановиќ, потпретседател на Српското народно движење (СНП) и поранешен градоначалник на општина Грачаница, пренесе Телеграфи.

„Им треба изговор за репресија. Во ова сценарио, Србите од Косово ќе служат како алатка за предизвикување инциденти на масовни протести и како изговор да ја користат полицијата за да ги задушат студентските демонстрации“, вели Стојановиќ.

Тој додава дека бројките се уште се пресметуваат, но според информациите на СНП, во првиот бран се очекува да пристигнат 750 Срби од Косово во Белград. Според него, само од Грачаница ќе дојдат 100 луѓе.

Во меѓувреме веќе се подготвува логистиката за нивното сместување, вклучувајќи ги и потребните шатори и залихи.

„СНП има сигурни информации дека секој што ќе дојде во Белград е платен од 20 до 50 евра дневно“, посочува Стојановиќ.

Репортери: Преброени се над 66% од поштенските гласови: ВВ прва со 52,72%, ЛДК втора со 29,80%, ПДК трета со 7,98%

Во Центарот за броење и резултати (ЦНР) продолжува процесот на броење на гласачките ливчиња од гласањето по пошта надвор од Косово.

Во понеделникот во раните утрински часови (00:54 часот) беа пребројани 124 од вкупно 187 гласачки кутии (66,31%) на гласачи од различни општини.

Ветевендосје и ЛДК се зголемени во однос на последното ажурирање што беше направено вчера во 15:34 часот, додека ПДК и коалицијата ААК-НИСМА се намалени, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Коха: „Искуството на Косово со барањата на Америка“

„ И раководството на Косово често беше под американски притисок и има искуство што се случува кога слуша и што се случува кога не ги слуша овие барања. Но, за разлика од малтретирањето што претседателот Трамп и неговиот заменик Џеј-Ди Венс го направија на украинскиот лидер, во случајот со Косово, Америка тоа го направи зад затворени врати и го направи заедно со европските сојузници.

Обично има многу состаноци на кои страните се расправаат. Но, обично тепачките се случуваат на состаноци зад затворени врати и пред јавноста се прават дека се е во ред. Овде се случи спротивното. Расправата се случи пред камерите. А, вистина е и дека оние кои помагаат имаат право да имаат барања.

Во Рамбује на косовската делегација за малку ќе и беше ставен ултиматум од Американците. Како што сведочат самите учесници на оваа конференција, им било кажано дека доколку не го прифатат договорот, Америка повеќе нема да се занимава со нив.

И ако Косово го прифати, а Србија не, тогаш ќе има интервенција на НАТО. Уште во преговорите за статусот на Косово им беше кажано дека Пакетот на Ахтисари е единствената можност за постигнување независност. Но Америка го направи тоа заедно со главните европски сојузници. И на косовското раководство не му беше лесно да го прифати тоа, бидејќи ниту Договорот од Рамбује, ниту Пакетот Ахтисари не беа идеални и не беше целосно она што Косово го бараше.“, пишува авторот Аугустин Палокај во опсежната анализа „Искуството на Косово со барањата на Америка“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ