• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025 14:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија вчера, 11 мај 2025, се одржаа парламентарни избори. Според Централната изборна комисија, вода Социјалистите на Рама, со преброени околу 25 проценти гласови.

Во Косово продолжува политичката криза по неуспевање да се конституира парламентот, а денеска партиите се обратија и до Уставниот суд.

За денешното издание на АЛ-Прес, редакцијата ја одбра колумната „Конклава за косовското собрание“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Во продолжени се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Социјалистите водат на парламентарните избори во Албанија

Прелиминарните резултати од парламентарните избори во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија е во водство, бидејќи гласачите ја поддржаа кандидатурата на земјата за членство во Европската Унија и кандидатурата на актуелниот премиер Еди Рама за четврти мандат, пишува Радио Слободна Европа на албански јазик.

Со преброени околу 25 проценти од гласовите, левичарските социјалисти на Рама обезбедија 53 проценти од гласовите, додека десничарската опозициска коалиција, предводена од Демократската партија и Сали Бериша, доби 35 проценти.

Овие проценти им даваат на социјалистите најмалку 71 мандат потребни за самостојно владеење и, најверојатно, дури и повеќе отколку во претходниот мандат.

Прелиминарната излезност на гласачите во неделата беше околу 42,16 проценти, или 4 проценти помалку од пред четири години.

Топ Чанел: „Активна и пасивна корупција на изборите“, СПАК покрена истраги за 39 случаи

СПАК започна истраги за 39 случаи поврзани со изборни кривични дела пријавени пред и за време на процесот на гласање за изборите на 11 мај.

Од 39 пријави, 17 биле испратени до полицијата за проверка, додека за 25 пријави било одлучено да не се покренува истрага, пренесе Топ Чанел.

„Изборни злосторства – администрирани се 156 материјали, 39 обвиненија поминаа во фаза на истрага (регистрирани се како кривични постапки).“

25 се одлуки за непокренување кривична истрага. 24 обвиненија се испратени за надлежност до канцелариите на окружните обвинителства.

17 материјали се испратени на проверка до Локалната полициска управа. (за дополнителни информации или за извршување на првите дејства).

1 материјал е споен со друг постоечки проблем. „Преостанатиот дел е во процес на верификација“, се наведува во соопштението на СПАК.

КОСОВО

АБЦ: Партиите се обратија до Уставниот суд во врска со конститутивната седница на Парламентот

Алијансата за иднината на Косово (ААК) во понеделник го испрати прашањето за тајното гласање за претседател на косовското собрание до Уставниот суд на Косово.

Барањето, поднесено од пратеници од редовите на ААК и поддржано од пратеници од Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократската лига на Косово (ЛДК), дојде во услови на застој во косовското собрание, кое не е конституирано дури ни по 14 последователни обиди, три месеци по одржувањето на изборите, пренесе АБЦ.

Бота Сот: Амбасадорите на Квинт го посетија Курти

Амбасадорите на петте земји од КВИНТ, САД, Обединетото Кралство, Италија, Германија и Франција, денеска пристигнаа на состанок во канцеларијата на вршителот на должноста премиер, Албин Курти, пренесе Бота Сот.

Медиумски извори посочуваат дека тема на дискусија на овој состанок е институционалната криза создадена по изборите на 9 февруари.

Се очекува дискусиите да ги опфатат актуелните случувања во земјата и безбедносната состојба во северно Косово.

Иако поминаа повеќе од три месеци од изборите и речиси еден месец од почетокот на конститутивната седница, косовското собрание сè уште не е конституирано. Во неделата, не успеа и 14-тиот обид за формирање на оваа институција.

КОЛУМНА

Коха: „Конклава за косовското собрание“

„Што се случи во светот минатата недела кога пратениците на косовското собрание продолжија да се потсмеваат на луѓето што гласаа за нив и не се во можност да го завршат конституирањето на Собранието.

Се случија навистина историски работи.

Војната меѓу две држави што имаат нуклеарно оружје започна и на крајот заврши. Помеѓу Индија и Пакистан.

Војната во Украина продолжи, додека светот беше поделен на два дела во одбележувањето на денот на победата над фашизмот.

Во Москва се собра оној дел од недемократскиот и не-либерален свет, што на некој начин претставува нов вид фашизам.

Во Франција, Украина, Велика Британија и многу други западни земји беше одбележана 80-годишнината од победата над фашизмот.

Институциите на ЕУ го одбележаа, а Косово го прослави „Денот на Европа“ како свој национален празник. Да докаже дека никој не ја сака оваа ЕУ повеќе од Косово, а ЕУ, од друга страна, не воведува санкции кон никого во регионот освен кон Косово.

Беше избран и канцелар на Германија. Историски беше што канцеларот не доби доволно гласови во првиот круг од гласањето во Бундестагот, туку само во вториот круг.

А веста што најмногу одекна беше белиот чад од Систинската капела во Ватикан, со кој се објави дека кардиналите го избрале новиот Папа. И тука се испишуваше историја, бидејќи за прв пат беше избран Американец, односно кардинал од земја која не е толку позната како „католичка земја“, но која во исто време, како голема земја, е меѓу земјите со најмногу католици во светот, веднаш по Бразил, Мексико и Филипините. И Роберт Превост, сега Папа Лео XIV, е Американец роден во Чикаго, од француско-италијанско-шпанско потекло, со перуанско државјанство.

Во текот на целата  недела, кога светот одбележуваше историски настани, Косоварите имаа можност на секои 48 часа да следат краток состанок на Собранието, на кој беше утврдено дека партиите што беа во опозиција не претставија кандидат за комисија, која би одлучувала со тајно гласање, и дека нема гласови за избор на претседател на Собранието.“, пишува Авторот Аугустин Палокај, во колумната „Конклава за косовското собрание“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ