• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК отвори веб страница за пријавување изборен криминал; Можни комбинации за формирање нова влада во Косово; Една нова Европа

March 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК отвори веб страница за пријавување изборен криминал; Можни комбинации за формирање нова влада во Косово; Една нова Европа

March 7, 2025 12:39
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство во Албанија отвори веб-страница која служи за пријавување изборни криминали, на неколку дена по објавувањето на СПАК за стратегијата за спречување и истрага на изборен криминал, пренесоа албанските медиуми.

Во Косово, конечно се пребројани сите гласови од изборите на 9 февруари, а во однос на формирање нова влада, се прават анализи и калкулации, пишуваат косовските медиуми.

За денешното издание на АЛ-Прес, редакцијата ја избра колумната „Една нова Европа“, објавена во косовскиот дневник Коха, во која авторот се осврнува на „новата реалност“ во однос на односите САД- Европа- Украина.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Арбреш: СПАК ја отвора страницата за пријавување изборен криминал

Специјалното обвинителство во Албанија отвори веб-страница која служи за пријавување изборни криминали.

Овој чекор доаѓа по објавувањето на СПАК на стратегијата за спречување и истрага на изборниот криминал. Пред неколку дена, првиот човек на СПАК Алтин Думани рече дека истрагата за криминалните дејствија за изборен криминал ќе се врши без каква било пристрасност.

Думани рече дека никој што го применува законот и Уставот во однос на одржувањето на изборниот процес не треба да се плаши од специјалните структури кои ќе го следат процесот.

Тој додаде дека СПАК ќе започне истраги секогаш кога ќе има сомнителни случаи и криминални факти за изборен криминал.

„Никој не треба да се плаши ако ги следи законите и Уставот. Имаме законска и уставна обврска дека секогаш кога имаме предмети кои претставуваат криминален факт, должни сме да покренеме истраги“, рече Думани, пренесе Арбреш.

Топ чанел: Албанската криминална полиција слета во Лондон

Зајакнувањето на албанските организирани криминални групи низ годините ја зголемува загриженоста на британските власти.

Извори од британските агенции за спроведување на законот изјавија за новинарот на Топ чанел дека неколку функционери на Одделот за криминалистичка полиција биле во Лондон во последните денови.

Директорот на Одделот за криминалистичка полиција, Неритан Налбати, одржува повеќе координативни состаноци со Британците при изработка на заедничка стратегија за напад на албанските криминални групи.

Оваа стратегија се координира со Адам Бол, шеф на британскиот полициски проект за борба против организираниот криминал.

Метрополитенската полиција на Лондон ќе има најголема тежина на имплементација на терен, бидејќи во британската престолнина албанската заедница достигнува бројка од над 50.000 луѓе, пренесе Топ чанел.

КОСОВО

РСЕ: Можни комбинации за формирање на новата Влада на Косово

Конечно се пребројани сите гласови на парламентарните избори на 9 февруари во Косово. Иако резултатот допрва треба да се потврди, сега е појасна сликата за тоа кој има реални шанси да ја формира новата Влада.

Веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати, Курти ја отфрли можноста за каква било коалиција со најголемите албански партии кои се во опозиција – Демократската партија на Косово (ПДК), Демократската лига на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК).

И овие три опозициски партии порачаа дека нема да соработуваат со Курти.

Со законите на Косово, во рок од 30 дена од потврдувањето на резултатите, претседателот на државата мора да ја свика конститутивната седница на Собранието на Косово. Доколку се изберат претседател и потпретседатели, тогаш Вјоса Османи мора да побара од победничката партија, ЛВВ во овој случај, да го предложи претставникот за формирање Влада.

Сепак, оваа партија се чини дека има 48 пратенички места во 120-членото Собрание. За формирање на Влада на претставник му требаат најмалку 61 глас.

Политичките аналитичари сметаат дека Курти смета на сценариото за формирање Влада со несрпските малцинства кои имаат 10 пратенички места, како и на потезите што можат да ги направат некои пратеници од актуелната опозиција „за министерски места“.

Коалицирање меѓу ЛВВ и ПДК би било најдобро за Косово, бидејќи на тој начин, според него, може да се надмине кризата за претседателската функција, откако мандатот на Османи ќе му истече следната година, вели политикологот Дритеро Арифи

Запрашан колку е веројатно да функционира таквата коалиција, колку овие партии се блиски по идеологија, Арифи смета дека ниту еден политички субјект на Косово нема разлики во овој поглед и дека сите имаат речиси ист концепт, пренесува Радио слободна Европа на албански јазик.

Репортери: Околу 7 илјади граѓани од Косово побарале азил во земјите од Европската унија

Европската агенција за азил во својот новообјавен годишен извештај наведува дека 7.325 граѓани од Албанија поднеле барање за азил во земја на Европската унија во текот на 2024 година.

Граѓаните од Албанија и Косово јасно водат на листата на барања за азил од другите земји од Западен Балкан.

Според податоците на Европската агенција за азил, 6.791 граѓанин од Косово побарале азил во Европа, додека 3.506 барања поднеле државјани на Северна Македонија, 3.227 барања од Србија, 1.432 барања од Босна и Херцеговина и 337 барања од Црна Гора, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Коха : „Една нова Европа“

Целта на Трамп е да ги нормализира односите меѓу САД и Русија. Престанокот на непријателствата во Украина е еден елемент во рамките на оваа севкупна цел. Следствено, тој е подготвен да жртвува се што мора да се жртвува во случајот со Украина за да се постигне повисока цел: нормализација на односите со Русија.

Тој смета дека постигнувањето на такво нешто не само што ќе ја запре војната и ќе го проектира Трамп како државник на мирот, туку ќе помогне да се стабилизираат глобалните пазари и да се намалат цените – важни фактори за Трамп и домашната американска публика. Од друга страна, целта на Зеленски е да постигне фер прекин на огнот за Украина, што ќе обезбеди долгорочна заштита на Украина од Русија.

Од ова произлегуваат разликите меѓу Трамп и Зеленски во улогите што ги имаат страните во преговарачкиот процес. Денес, Трамп го гледа светот низ призмата на „големите сили“ од ерата на Јалта. Следствено, тој го гледа само Путин достоен и еднаков да води мировни преговори. Зеленски, па дури и другите европски лидери, се споредни актери. Оттука доаѓа коментарот на Трамп до Зеленски дека „ ги немаш картите во рака“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Една нова Европа“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ