• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српско- хрватска шпионска афера во Косово; Рама ќе го штити самитот на НАТО со со дронови „Made in Albania“; САД го објави извештајот за Мекгонигал

September 5, 2025

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српско- хрватска шпионска афера во Косово; Рама ќе го штити самитот на НАТО со со дронови „Made in Albania“; САД го објави извештајот за Мекгонигал

September 5, 2025 12:57
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот со апсењето на две лица во Хрватска под сомнение за шпионажа за Србија, објавен кон крајот на август, продолжува да биде полн со непознати, како и активноста за која се обвинети дека ја извршиле на Косово, пишуваат косовските медиуми.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за ТВ Клан изјави дека самитот на НАТО што ќе се одржи во 2027 година во Тирана ќе биде заштитен со дронови од албанско производство, објавија албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Дали безбедноста на Косово беше загрозена од двојката осомничена за шпионажа?

Хрватски воен офицер и неговата  партнерка Србинка, неодамна беа уапсени во Хрватска под обвинение за шпионажа за Србија. Во Косово, каде што се осомничени за вршење на оваа активност, тие сметаат дека случајот ги истакнува напорите на Белград да навлезе во чувствителните структури во Приштина, но и во НАТО. Дали националната безбедност на Косово беше загрозена?, пишува РСЕ.

Случајот со апсењето на две лица во Хрватска под сомнение за шпионажа за Србија, објавен кон крајот на август, продолжува да биде полн со непознати, како и активноста за која се обвинети дека ја извршиле на Косово.

Газета експрес-  ЦИК: Гласачите можат да гласаат само за еден кандидат за Општинско собрание – доколку изберат повеќе од еден, се брои само гласот за политичкиот субјект

По ждрепката за рангирање на политичките субјекти (политички партии, коалиции, граѓански иницијативи и независни кандидати), Централната изборна комисија објасни како треба да се пополнуваат гласачките ливчиња на Локалните избори за градоначалници и општински собранија, кои ќе се одржат на 12 октомври 2025 година.

Според ЦИК, гласачкото ливче со сина рамка припаѓа на изборите за општински собранија. На левата страна од гласачкото ливче, гласачот мора да гласа само за еден политички субјект, додека на десната страна од него, гласачот може да гласа само за еден кандидат за член на Општинското собрание од листата на тој политички субјект.

Доколку на гласачкото ливче е означен повеќе од 1 кандидат, ќе се смета само гласот за политичкиот субјект, пренесе Газета експрес.

АЛБАНИЈА

Калзо – Рама: Ќе го штитиме самитот на НАТО во Тирана со дронови „Made in Albania“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за ТВ Клан изјави дека самитот на НАТО што ќе се одржи во 2027 година во Тирана ќе биде заштитен со дронови од албанско производство.

„На самитот на НАТО, кој е на највисоко ниво на безбедност во светот, ќе ја заштитиме територијата на Тирана со дронови од албанско производство“, рече тој за време на интервјуто. Рама изрази увереност дека Албанија ќе има свои воени производи, како што се дронови, за да ја заштити својата безбедност.“, пренесе Калзо.

Ора њуз: Врски со албанската влада/ Министерството за правда на САД ја објави истрагата на Мекгонигал

Министерството за правда на САД денес ја објави истрагата за Чарлс Мекгонигал, во која се осврнува и на неговите врски со Албанија, „Лицето А“ и „Лицето Б“, како и на исплатата од 225.000 долари, пренесе Ора њуз.

КОЛУМНА

Коха: Петтата битка за Евроазија

„Во последно време, Кина се стреми кон глобалниот трон. Ги заплашува своите соседи во обид да создаде огромна сфера на влијание што кинескиот лидер Си Џинпинг ја нарече „Азија за Азијците“. За да го оствари ова, Кина се подготвува за можна војна во Западниот Пацифик, преземајќи една од најголемите воени модернизации во модерната историја.

Така, денес стоиме на работ на петтата битка за контрола на Евроазија. И, уште еднаш, САД се во епицентарот на одбраната на западниот поредок. Врз основа на секој воен, економски и технолошки параметар, САД поседуваат материјална супериорност над своите противници. И додека САД сигурно имаат материјални ресурси за да го зачуваат западниот поредок, прашањето останува: дали денес имаат карактер за да победат?“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Петтата битка за Евроазија“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ