• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми:„Трепча“ ги враќа своите имоти; Утре ќе се гласа во амбасадите и конзулатите на Косово; „Што јаде Путин за појадок-Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа

February 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми:„Трепча“ ги враќа своите имоти; Утре ќе се гласа во амбасадите и конзулатите на Косово; „Што јаде Путин за појадок-Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа

February 7, 2025 13:00
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово, Акционерското друштво „Трепча“ ги враќа под своја управа сите имоти. „За прв пат по војната се прави целосен и детален регистар за сите имоти на Косово. Ова е суштински чекор за транспарентност и стратешко управување со богатството на Трепча“, велат од Акционерското друштво.

За прв пат во историјата на државата Косово, дипломатските претставништва на Косово ќе бидат претворени во Гласачки центри за да ги пречекаат своите граѓани да гласаат на изборите за Собранието на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Во Албанија, една од најпозитивните вести денеска пренесени од медиумите, е откривањето на едно од најголемите термални езера во светот, од тим чешки научници.

Во продолжение се поместени сите содржини од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Репортери: „Трепча“ ги враќа под управување сите имоти

Акционерското друштво „Трепча“ соопшти дека ги вратило под управување сите имоти.

Уверенијата за сопственост вчера беа доставени во рацете на главниот извршен директор на Трепча, Фатон Ахмети.

„Долгогодишниот предизвик конечно доби решение! Со децении имотите на Трепча се распределени во 273 различни апоени, што го отежнува нивното администрирање и развој по војната“, се вели во официјалното соопштение на компанијата, пренесе Репортери.

„За прв пат по војната се прави целосен и детален регистар за сите имоти на Косово. Ова е суштински чекор за транспарентност и стратешко управување со богатството на Трепча. Процесот ќе продолжи и понатаму со вклучување на други имоти кои се уште не се регистрирани, со што ќе се обезбеди јасен и целосен преглед на сите средства на компанијата“, се наведува во соопштението.

Газета Експрес: Утре ќе се гласа во амбасадите и конзулатите на Косово, Елези: Организирано во 19 земји, може да гласаат само регистрирани гласачи

За прв пат во историјата на државата Косово, дипломатските претставништва на Косово ќе бидат претворени во Гласачки центри за да ги пречекаат своите граѓани да гласаат на изборите за Собранието на Косово.

На 8 февруари во 19 различни земји во светот, главно во Европа, но и во Соединетите Американски Држави и Канада, 20 илјади и 324 граѓани на Косово кои при пријавувањето го избрале овој начин на гласање, ќе можат да гласаат од 07:00 до 19:00 часот, според локално време на соодветната земја, пренесе Газета Експрес.

РТК: Соренсен одржа одвоени разговори со Бислими и Петковиќ

Претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Петер Соренсен, соопшти дека денеска одржал одвоени разговори со главните преговарачи на Косово и Србија, првпат откако неговиот претходник Мирослав Лајчак стапи на должност.

„Денеска одвоено разговарав со двајцата главни преговарачи, од Косово, Бесник Бислими и од Србија, Петар Петковиќ. Ги ценам многу добрите разговори и ги поздравувам нивните покани да ги посетам Косово и Србија“, изјави Соренсен на Икс, пренесе РТК.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Трамп ја суспендираше странската помош, ЕУ и гарантира на Албанија за СПАК

Одлуката на американскиот претседател  Доналд Трамп привремено да ги суспендира сите американски програми за странска помош на 90 дена, во очекување на прегледите од новата администрација, нема да ја спречи Европската унија да продолжи да ги поддржува реформите во правдата во Албанија, како и СПАК во нејзината работа.

Овој став го искажа делегацијата на ЕУ во Тирана, откако во четвртокот беше прашана од медиумите за помошта на ЕУ во правосудниот сектор.

Како одговор на интересот, делегацијата на ЕУ во Тирана изјави дека е запознаена со најавата на претседателот Трамп за привремено суспендирање на сите американски програми за странска помош за 90 дена во очекување на ревизијата од новата администрација, пренесе Телеграфи.

Газета Шќип: Во Албанија откриено едно од најголемите подземни термални езера во светот

Тим чешки научници открија подземно термално езеро во Јужна Албанија.

Според нив, ова е едно од најголемите езера од тој вид во светот, како што го нарекоа езерото Неурон, по фондацијата што ја финансираше експедицијата, пренесе Газета Шќип.

Во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, чешките научници веќе неколку години ја истражуваат сложената подземна ситуација. Во регионот Вромонери, на албанската страна на границата, во 2021 година наидоа на обемен пештерски систем, кој оттогаш го мапираа детално.

Системот содржи многу топли извори кои испуштаат високи столбови на пареа, а следењето на изворот на пареата ги навело да пронајдат бездна длабока над сто метри, која ја нарекле Атмос. На дното на таа бездна, тимот сега го потврди откритието на досега најголемото подземно термално езеро во светот. Со должина од 138 m, ширина од 42 m и обем од 345 m, може да собере 8.335 m3 топла вода.

КОЛУМНА

Коха: Што јаде Путин за појадок? Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа

„Што јаде Владимир Путин за појадок? Српскиот провладин весник „Вечерње новости“ со сигурност знае: „Обично појадува напладне, често омлет или овесна каша, со јајца од препелица и чаша овошен сок. Веднаш по појадокот, време е за кафе, а потоа Путин поминува малку време во теретана. Познато е и дека Путин се храни здраво, а омилен зеленчук му се доматите, краставиците и зелената салата. Преферира риба, иако омиленото месо му е јагнешкото, а избегнува слатки“.

Така – од Белград – функционира и обожавањето на „јунаците во служба на Русија“. Но, има и поекстремни примери на пропаганда, како што покажува новообјавената студија „Русија: Претходница на автократиите – Како Кремљ ја дестабилизира Европа“. Оваа студија е финансирана од германската фондација „Фридрих Науман“, која е блиска до либералната партија ФДП.

Автор на студијата е Томас Бреј, кој со децении известува од Белград за германската новинска агенција Дојче Пресе Агентур (ДПА) за случувањата на Балканот.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Што јаде Путин за појадок? Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ