• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина протести на граѓанското општество поради кризата со собранието; Стратегијата на Рама против дезинформации ќе биде насочена кон критичките медиуми, стравува опозицијата

July 11, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина протести на граѓанското општество поради кризата со собранието; Стратегијата на Рама против дезинформации ќе биде насочена кон критичките медиуми, стравува опозицијата

July 11, 2025 13:19
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово се продлабочува политичката криза со конституирањето на собранието, кое не успеа ниту денеска, по 45-ти пат. Граѓанското општество повторно протестира пред собранието, со барања што побргу да се реши кризата, пишуваат косовските медиуми. 

Во Албанија, откако парламентот одобри национална стратегија за борба против странското мешање и дезинформациите, опозицијата тврди дека таа би можела да се користи против домашните медиуми кои ги разоткриваат владините неуспеси, пренесуваат албанските медиуми, 

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.  

 КОСОВО 

„Доста е“, протести на граѓанското општество пред Собранието 

Граѓанското општество протестира пред Собранието на Косово, додека се одржува седницата на која и по 45 обид, не се конституира собранието.    

„Доста е“, „Каков избор имаме?“, „120 плати без одговорност“, се зборовите на некои од нивните транспаренти. 

 Ова е втор пат граѓанското општество да протестира пред Собранието на Косово, пренесе Репортери. 

Досја: Српска листа собра над 3.600 потписи против изградбата на новите мостови во Митровица 

Петицијата против изградбата на два моста на реката Ибар – чиј камен-темелник беше поставен на почетокот на јули во присуство на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти – е потпишана од 3.628 граѓани, објави во среда Српската листа. Според косовската влада, изградбата на овие мостови има за цел да ја поврзе Северна Митровица – со српско мнозинство – со Јужна Митровица, каде што живее албанско мнозинство. 

 Косовската влада издвои околу три милиони евра за изградба на двата моста – едниот за пешаци, а другиот за сообраќај – додека завршувањето на работите се очекува на есен. Сепак, Српската листа, најголемата српска партија во Косово која ја ужива поддршката на Белград, ја започна петицијата во понеделник, а во среда објави дека потписите се собрани „за 11 часа“ и дека петицијата е „успешно завршена“, пренесе Досја. 

РСЕ: Обвинителството вели дека го истражува договорот за изградба на новите мостови во Митровица 

Специјалното обвинителство на Косово објави дека започнало истрага за законитоста на договорот за изградба на два нови моста преку реката Ибар во Митровица од страна на актуелната косовска влада. 

 Во соопштение за медиумите, Обвинителството соопшти дека истрагата не е поврзана со никаков приговор на изградбата на предметните мостови, туку со „исполнување на законските обврски“ од договорот за нивна изградба. 

 „Во заштита на јавниот интерес и владеењето на правото, со цел да се гарантира фер и законско управување со јавните ресурси“, се вели во соопштението. 

 Се вели дека иако не е негова должност да оценува или одобрува каков било инфраструктурен проект, „улогата на Специјалното обвинителство е да постапува врз основа на важечките закони, во случаи кога постојат сомневања за злоупотреба на јавни средства“. 

 Пет обвинители се назначени да истражат две илјади изворни договори, вклучувајќи го и оној за изградба на мостовите во Митровица, според Обвинителството, пренесе РСЕ. 

АЛБАНИЈА 

 Сури: Стратегијата на Рама против дезинформации ќе биде насочена кон критичките медиуми 

Албанскиот парламент одобри национална стратегија за борба против странското мешање и дезинформациите, но опозицијата тврди дека таа би можела да се користи против домашните медиуми кои ги разоткриваат владините неуспеси. 

Според стратегијата, „дезинформациите, манипулацијата со информации и штетното странско мешање во демократските процеси претставуваат хибридни закани кои добија глобални размери во текот на изминатата деценија, поткопувајќи ја довербата во основните државни институции и здравото функционирање на демократското општество“. 

Сè уште не се дадени конкретни детали за тоа како ќе се спроведува стратегијата. Но, албанската опозиција е сомничава во мотивите на владата. 

 Опозицијата тврди дека под власта на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, која стана уште подоминантна по неодамнешната победа на парламентарните избори, стратегијата би можела да се искористи за задушување на критиките и поткопување на слободните медиуми, пишува Сури. 

КОЛУМНА 

 Коха: „Данската можност“ 

„Данска беше домаќин на Самитот во Копенхаген во 1993 година, каде што беа усвоени Копенхашките критериуми, кои сè уште остануваат „библија“ на процесот на проширување.  

Следствено, во текот на следните шест месеци од данското претседателство со Советот на ЕУ, земјите од Западен Балкан ќе имаат одличен сојузник на чело на Советот на ЕУ. Останува  прашањето, до кој степен ќе успееме да ја искористиме оваа можност?“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Данската можност“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.  

Подготви: Д. Тахири 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ