• Latest
Фоторафија: ЦИВИЛ

Изборен материјал или градежна реклама – Орце и сивата зона на јавниот простор

February 18, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборен материјал или градежна реклама – Орце и сивата зона на јавниот простор

February 18, 2026 13:34
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА, ТОП 5
Фоторафија: ЦИВИЛ

Фоторафија: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во центарот на Скопје, таткото на градот, Орце Ѓорѓиевски, сè уште ги убедува граѓаните дека тој прво е човек, а потоа градоначалник. Покривајќи страничен ѕид на станбен објект, мегабордот на Орце  „боде очи“ на градот, отворајќи го прашањето постои ли зако, што би го тргнал Орце и сите останати мегаборди што уште го окупираат јавниот простор?

Вториот круг од локалните избори 2025 се одржа на 2 ноември 2025, Законскиот рок за отстранување на изборниот материјал истече на 2 декември 2025. Тоа значи дека сите билборди и рекламни паноа што уште не се остранети веќе 77 дена го поминале истекот на рокот предвиден во Изборниот законик. Но, тука настанува проблемот со Орце, затоа што мегабордите на стамбените згради, а дел од изборните кампањи, не се регулирани со Изборниот законик. 

Фотографијата е направена на 17 февруари 2026 година

Што вели Изборниот законик?

Изборното рекламирање конкретно преку билборди е регулирано во член 78-а од Изборниот законик кој вели:

  • Дозволено е политичко рекламирање на билборди
  • Максимум 50% од вкупниот број билборди во една општина смеат да се користат за политичко рекламирање.
  • Општините и фирмите што стопанисуваат со билборди се должни во рок од 5 дена од распишување на изборите да ги објават локациите и цените и да ги достават до Државна изборна комисија, Државниот завод за ревизија и ДКСК.
  • Распределбата се врши по строго утврдени проценти (40%-40%-10%-10%) и тоа по пат на ждрепка што ја спроведува ДИК.
  • Правните лица се должни да поднесат извештај за доделените локации најдоцна 15 дена по завршување на кампањата.

Но клучниот член во конкретниот случај е член 79 став (2):

Учесникот во изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да ги отстрани изборните плакати.

Непочитувањето на оваа обврска повлекува санкции според член 185:

  • Глоба од 2.500 евра за политичката партија, коалицијата или независниот кандидат;
  • Дополнителни 30% од износот за одговорното лице.

Со други зборови, законодавецот јасно предвидел дека изборната порака има рок на траење. Но, плакати и билборди не е исто, па законодавецот предвидел и каде учесниците на изборите и правните лица можат да го заобиколат законот и првано да бидат чисти додека се уште вода кампања.

Во овој контекст е битен и членот 78 став (7):

Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот

Со оглед дека Орце е на станбен објект, со претпоставка во согласност со сопственикот/сопствениците на објектот, ако се смета за изборен плакат, тогаш не само што е поминат рокот за негово отсранување туку според Изборниот законик некој досега требало и да се казни.

Правен вакуум кај „мегабордите“

Проблемот станува посложен кога станува збор за т.н. мегаборди поставени на станбени згради.

Тие не се експлицитно регулирани во Изборниот законик, туку формално се третираат според Законот за градење (член 80) и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради.

Според член 9 од Правилникот, поставување на плакати, рекламни натписи и слична опрема на станбени згради може да се врши само ако е во согласност со закон.

Процедурата е административна:

  • Инвеститорот поднесува барање со документација;
  • Решението го издава градоначалникот на општината, општината во Град Скопје или Градот Скопје;
  • Формата и потребната документација ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Но тука се појавува суштинскиот проблем:

 Овој систем не е синхронизиран со изборното законодавство.

Нема:

  • процентуална распределба меѓу партии,
  • ждрепка за локации,
  • механизам за рамномерна застапеност,
  • автоматска обврска за отстранување во рок од 30 дена во контекст на изборна кампања.

Тоа создава правна сива зона во која изборната порака може формално да биде третирана како „градежна рекламна опрема“, наместо како изборен материјал.

Плакат или мегаборд: дали има разлика во законот?

Во Изборниот законик не постои дефиниција со конкретни димензии за „изборен плакат“. Законот користи поширок термин – изборно рекламирање и плакати, без да прави разлика според формат или квадратура.

Тоа значи дека од аспект на изборното право не е важна големината, туку дали пораката е дел од изборна кампања.

Ако содржината повикува на гласање, промовира кандидат или партија во изборен период – тогаш таа спаѓа под правилата на Изборниот законик, без разлика дали е е хартиен плакат, билборд или мегаборд со димензии 8 х 4 метри поставен на фасада, како во случајот со градоначалникот на Град Скопје.

77 дена подоцна: Институционално прашање

Кога изборната порака останува во јавниот простор речиси три месеци по законскиот рок, тоа веќе не е прашање на политички маркетинг, туку на владеење на правото.

Изборниот процес има јасен почеток и јасен крај. Законот барем тоа го предвидува.

Во контекст на Орце, мегабордот не станува „обична реклама“ само затоа што е голем и поставен со градежна дозвола.

Ако носи изборна порака – тој е изборен материјал. А ако е изборен материјал – има рок на траење.

Токму тука се отвора прашањето дали институциите ја применуваат содржинската логика на законот, или дозволуваат формално префрлање во друга правна рамка. Или во крајна линија воопшто не им е гајле?

Биљана Јордановска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ