• Latest

Избори на 11 декември, преодна влада во петок

September 1, 2016
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Избори на 11 декември, преодна влада во петок

September 1, 2016 01:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборите ќе се одржат на 11 декември, а преодна влада ќе се избира во петок, на 2 септември. Нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде Санта Аргирова. Љуљзим Хазири ќе биде петтиот член на ад-хок телото за медиумска регулација. Усвоена е методологијата за медиумски мониторинг на изборите што ја изготви Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Ова е исходот од повеќечасовната средба на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Партиите констатираа дека се исполнети сите услови за да се одржат предвремени парламентарни избори. Според тоа, согласно со Уставот,  парламентот ќе се распушти, а составот на новата влада ќе се гласа на 2 септември, точно 100 дена пред изборите.

„Направивме многу чекори со цел да ги доведеме во ситуација СДСМ да не можат повеќе да ги одложуваат изборите, да нема каде да бегаат, да мора да се соочат со народот и да му овозможат на народот да излезе на гласање и да си го каже својот збор“, рече Никола Груевски, лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

А, според лидерот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев, од денеска Македонија зачекори кон нова иднина, а „режимот на Груевски заминува во историјата“. Тој упати повик до ВМРО-ДПМНЕ и до Уставниот суд: „Да не се дрзнат да чепнат по Специјалното јавно обвинителство. СЈО е израз на искра на враќање на правдата во Република Македонија, има најголема поддршка и верувам дека ќе продолжи да работи надвор од досегот на политичарите и на Уставниот суд кој сите видовме кој го контролира“, порача Заев.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ го повтори веќе договореното на средбата. „Од 2 септември почнува почитувањето на сите рокови, кои што се пропишани во Договорот“, изјави Ахмети. Мендух Тачи рече дека ДПА ќе биде конструктивна и во иднина. „Главната надеж и гаранција за ДПА останува меѓународниот фактор“, изјави Тачи.

И претставниците на меѓународната заедница, американскиот амбасадор Џес Бејли и претставниците од канцеларијата на ЕУ во Македонија изразија задоволство од постигнатиот договор и надеж дека ќе се реализираат кредибилни избори, на кои граѓаните слободно ќе гласаат. Донесените одлуки на лидерската средба според странските дипломати се израз на политичката волја на македонските партии, земјата да се придвижи напред. „Условите за избори на 11 декември се исполнети. Ќе сториме сѐ што можеме наредните недели и месеци, за да помогнеме и обезбедиме одржување кредибилни избори“, вети амбасадорот Бејли.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја поздрави конечната одлука да се исполнат условите на политичкиот договор од 20 јули. Од истиот момент, ЦИВИЛ ќе започне со мониторинг на спроведувањето на овој договор, како и на сите активности поврзани со претстојните избори.

М.Т.

Tags: 11 декемвриDogovorВМРО-ДПМНЕДПАДУИизбориполитичка кризапреодна владаПржиноСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ