• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Северна Македонија е заедно со најразвиените светски велесили; Државата ќе им ги покрие долговите во брзите банки на граѓаните; Во НАТО –ДА, Преспански – НЕ; рокот за влез во ЕУ да биде до 2023; Лицемерна резолуција за Сребреница

April 17, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Северна Македонија е заедно со најразвиените светски велесили; Државата ќе им ги покрие долговите во брзите банки на граѓаните; Во НАТО –ДА, Преспански – НЕ; рокот за влез во ЕУ да биде до 2023; Лицемерна резолуција за Сребреница

April 17, 2024 15:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во последната недела пред претседателските избори, што ќе се одржат на 24 април(среда), кандидатите со заострена реторика ја продолжуваат предизборната кампања.

Од несериозни ветувања, контрадикторни изјави и ставови, до „храбри“ предупредувања и лицемерни морализирања – палета од изјави на кандидатите за претседател на државата.

Пендаровски: Македонија со 1,8 милиони луѓе е заедно со најголемите и најразвиените светски велесили

„Триесет години никој немаше храброст, никој немаше доволно знаење и посветеност да го реши тој проблем за кој најголемите светски дипломати мислеа дека е нерешлив. Оваа политичка структура во која сум и јас го реши и ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса. Со тоа Македонија со 1,8 милиони луѓе е заедно со најголемите и најразвиените светски велесили“, рече во Велес кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски, кандидат за претседател на РСМ поддржан од СДСМ и коалицијата

Тој и порача на неговата противкандидатка од ВМРО-ДПНМНЕ Гордана Силјановска, да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата.

Таравари им вети на гласачите дека  ќе помогне државата или владата да ги покрие долговите на граѓаните во брзите банки

„Бев сведок на големиот број на казина во Струга, како и на банките за брзи кредити, а колку тоа и наштетува на економијата на граѓаните, изјави Арбен Таравари, кандидатот за претседател на РСМ од коалицијата ВЛЕН.

Арбен Таравари, кандидат за претседател на РСМ поддржан од коалицијата ВЛЕН

Ние како коалиција ВЛЕН во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Северна Македонија како што се случи во Косово, но и за стопирање на работата на брзите банки кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните. Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата“ рече Таравари.

Силјановска контра Давкова

Во програмата на Силјановска Давкова е наведено дека Македонија е кредибилна НАТО членка.

„Како врховен командант на вооружените сили ќе работам на нивната способност за одговор на предизвиците на одбраната во XXI век. Воениот персонал заслужува поддршка со цел развивање висок морал, дисциплина и патриотизам, како важни вредности на квалитетното воено лидерство.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка на РСМ, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Потребно е објективно вреднување на заслугите на воениот персонал, врз основа на јасни критериуми за кариерен напредок. Нужна е програма за реинтеграција на војниците во цивилната служба по завршувањето на нивната воена кариера. Јас ќе бидам заштитничка на стандардот на војникот, неговата благосостојба и статус во општеството.“, се наведува во делот од нејзината програма под наслов „Безбедност, одбрана и НАТО“, во  пасусот „Македонија е кредибилна членка на НАТО“.

Но Давкова беше еден од главните противници на Договорот што донесе членство во НАТО, односно на Преспанскиот договор.

Од неговото потпишување, па се до „вчера“ Давкова и нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ беа гласни противници на Договорот од Преспа.

Јакимовски на Европската Унија ѝ дава рок до 2030 година

„Ние треба да им кажеме, подготвени сме да чекаме до 2030-та година да чекаме влез во Европска Унија, нели влеземе до 2030-та година. Вие нема да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема да се откажуваме, но ние мораме да си бараме пат за развој на државата“, рече претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски.

Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на РСМ, од ГРОМ

За Ванковска, ко-спонзорството на Северна Македонија на Резолуцијата на ОН за Сребреница- е лицемерна

Билјана Ванковска, кандидатка за претседателка на РСМ од Левица

„Во време кога во Газа се врши геноцид, за кој Западот нема ни очи ни уши, тој решил да ја дисциплинира Србија за злосторство што е процесуирано и се случило во 1995 година!“, вели кандидатката од Левица, Билјана Ванковска, за одлуката на Северна Македонија да биде ко-спонзор на Резолуцијата за Сребреница во ОН, односно за изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ.

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ