Од денешните изјави издвојуваме: Заев и Шекеринска за европските интеграции, Коцевски за (не)ефективната борба со хибридните закани, Дерала за изборните реформи, Шахпаска за процесот за обезбедување на документи на лицата без лична идентификација…
Големата, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата Европска Унија.
За жал, ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан.
➡️ https://t.co/u7StNLy1Nf pic.twitter.com/xpMIUlizjI
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 25, 2021
„Во текот на изборната кампања јас како кандидат за градоначалник бев изложен на жестоки напади со говор на омраза од вработени во општинската администрација кои беа лоцирани и им беа одземени лаптопите и мобилните телефони, но, бидејќи има мал број на вработени во таа служба во Министерството за внатрешни работи во централата во Скопје, сè уште не е направено вештачење на запленетите апарати, телефонски уреди и лаптоп, и тој службеник сè уште е вработен во општинската администрација“, вели Аце Коцевски, градоначалникот на Општина Велес, одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ – Дали некогаш Општината била подложна на сајбер напади или хибридни закани?
„Пред се, активностите на ЦИВИЛ во рамките на изборните процеси се една прилично комплексна активност, и се дели на најмалку три области, кои ги работат три различни тимови кои имаат комуникација меѓу себе само да се информираат што работат, меѓутоа не и да учествуваат во работата на другите тимови. Зошто, заради тоа што се работи за потребата за некои работи во нашите активности да бидат стриктно поделени. Пред се, со тоа мислам на мониторингот на ЦИВИЛ, мониторингот мора секогаш да биде добро, крајно заштитен, изолиран и сосема независен од која било друга активност што ја прави ЦИВИЛ, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на конференцијата „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, што се одржа на 23 јуни 2021.
Шекеринска: Убедена сум дека гласот против блокади се повеќе ќе расте
– Кога работите зависат од нас, јас сум секогаш оптимист затоа што кога ќе го дадеш максимумот резултатите ќе дојдат. Тој тип оптимизам секогаш сме го имале во Владата, во МО или во академската заедница. Меѓутоа прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна, и не можете вашиот оптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, рече Шекеринска одговарајќу на новинарско прашање во врска со последната блокада од Бугарија.
– Во текот на 2019 година, беа формирани мобилни тимови кои директно во ромските заедници, ги идентификуваа лицата неевидентирани во матична книга на родени. Во овој процес, идентификувани на терен биле околу 650 лица без документи, а согласно последните податоци, барање за прв привремен извод поднеле околу 200 лица. Процесот на обезбедување на документи мора да продолжи, затоа што тоа значи и нивен влез во системот на социјална заштита и пристап до образование, здравство и вработување, потенцира Шахпаска.