Во еден од извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ од Маврово и Ростуше во 12 часот, се јавува дека изборниот ден тече мирно и без проблеми.
Мониторингот на ЦИВИЛ бележи поголема раздвиженост на гласачите отколку претходните два пати кога, поради недоволна излезност, локалните избори беа неуспешни.
„Иако се чувствува извесна напнатост, изборниот ден е мирен и без инциденти“ – се вели во извештајот на набљудувачот од оваа општина.
Зголемениот број на гласачи се должи на присуството на дијаспората.
„Неизвесен е исходот од изборниот ден, бидејќи не се знае како ќе гласаат нашите сограѓани од дијаспората, бидејќи тие не се директно опфатени од кампањите на политичките партии чии кандидати се натпреваруваат за довербата на гласачите на Маврово и Ростуше“ – јавува набљудувачот на ЦИВИЛ.
Набљудувачот на ЦИВИЛ јавува и за возбудата на гласачите кои гласаат за првпат во животот, бидејќи со полнолетството се стекнале со право на глас.
Во претходниот период, за време на кампањата, забележани се неколку инциденти во кои активистите на една политичка партија го оштетија рекламниот материјал на конкуренцијата.
Прес центар на ЦИВИЛ
Прочитајте го и соопштението на ЦИВИЛ во кое се повикуваат граѓанките и граѓаните да пријавуваат евентуални изборни нерегуларности:
ЦИВИЛ: Посакуваме мирен изборен ден, отворени сме за пријави за изборни нерегуларности