• Latest

Јанкулоска, низ солзи: Како министер никогаш и на никого не сум вршела притисок

October 3, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јанкулоска, низ солзи: Како министер никогаш и на никого не сум вршела притисок

October 3, 2018 21:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, денеска во Кривичниот суд во завршните зборови во предметот на СЈО „Тенк“, каде е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач, плачејќи изјави дека судот бил пристрасен и нефер.

„Оваа постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеца, а сега на крајот има 3 месеца“, рече Јанкулоска низ солзи.

Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе ѝ се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Во завршниот збор, обвинителството побара Судот да ја прогласи Јанкуловска за виновна за злоупотреба на службена должност, заедно со Попоски и Груевски, а пресудата за предметот „Тенк“ ќе биде соопштена на 8 октомври, изјави денеска претседателката на Судечкиот совет, Добрила Кацарска.

„Во ниту еден момент во мене не постоела умисла да поттикнам некого за набавка на возило. Како министер никогаш и на никого не сум вршела притисок и ниту сум потпаднала под нечиј притисок“, рече Јанкулоска.

Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор.

Денешното рочиште и изјава на Јанкуловска, предизвика реакции на социјалните мрежи. Марина Кежаровска, сопруга на новинарот Томислав Кежаровски што беше спектакуларно апсен и прогласен за виновен од власта (уште пред судењето) и беше в затвор и домашен притвор, на својот фејсбук профил сподели: „Не се радувам на ниедна тага, но само ќе те потсетам Гоцо дека заради твојата злоба, ќерка ми плачеше деноноќно…“.

Александар Диневски, апсен и судски прогонуван во судскиот процес „Шпион“, на својот Фејсбук профил напиша: „Кога апсеше и ништеше други (и бремени жени!) во монтирани полициски процеси, се смееше ко недоветна!“.

Јанкулоска беше министерка за внатрешни работи од 26 август 2006 година до 12 мај 2015 година, кога поднесе оставка по контроверзната 48 часовна безбедносна криза во „Диво насеље“ во Куманово (9-10 мај 2015).

Ангела Петровска

фото: Киро Попов/kolektif.mk

Tags: Гордана ЈанкуловскаКривичен СудмерцедесНикола Груевскиправдарочиште
Share229TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ