Е, мој Христијане Мицковски…
Името Христијан е дојдено од името Христос , неговото значење е помазаник или спасител. Тоа значи човек кој е спремен на својот грб да ги понесе сите гревови и лошотии на човештвото и да донесе нов, почист и поубав свет. Но, очигледно ТИ твоето име си го сфатил дека има значење на “Христијанки” (од велеслалом) т.е да ги извозиш сите знаменца и да дојдеш до целта.
Друже, и да го направиш тоа, на крајот треба да имаш подобар резултат од твојата конкуренција и некој да навива за тебе. КАДЕ Е ТВОЈАТА КОНКУРЕНЦИЈА?! Зошто си дозволи, кога веќе не си способен да го оправдаш името помазаник во целава приказна, да бидеш барем скијачот кој прави Христијанки? Не, ти си само пар дрвени скии произведени во најтрулата гаража (бел дворец) од најлош квалитет, кои не влагаат ниту во конкуренцијата на Веле, столарот од Сингелич, кој ни правеше дрвени скии додека бевме деца.
Зарем и за тоа не те бива? Па, како бе, Другар, си замислуваш да ја водиш најмоќната опозициска партија, а во некоја иднина можеби и државава? Народот си има напишано: „Лидер се раѓа, а не се става“. Членството си препознава, членството си бара измени, си го бара правото на свој избор.
Никој не може против членството. Моќта на лидерството во ВМРО е кај комитетите и таа приказна е завршена. Или си со нив или си против нив. МНОГУ Е ЕДНОСТАВНО!