• Latest

Една година подоцна: Дел од настраданите уште чекаат помош!

August 7, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Една година подоцна: Дел од настраданите уште чекаат помош!

August 7, 2017 14:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според официјалните податоци од Дирекцијата за справување со кризи од пред една година, поплавите на 5 август 2016, однеле 22 човечки животи.  По минатогодишната катастрофа, експертите препорачаа дека се потребни промени во легислативата, зајакнување на институционалните капацитети, вложување во научните институции, прифаќање на препораките од независни експерти и изработка на долгорочни анализи врз база на новите состојби на терен што настанаа од поплавите, но и учење од гршките, за да не се повторат, при следните временски неприлики… Минатогодишните страдалници уште чекаат помош…

Една година по катастрофата, и покрај човечките жртви и огромната штета, нема покренато прашање за одговорност и нема поднесување на отчет, иако една од причините за неа, беше и човечкиот фактор.

По хаосот што настана на терен по поплавите, но и по задоцнетата мобилизација за помош на настраданите, предизвиците со кои се соочија жителите од поплавените подрачја кои останаа без покрив врз глава и без можности самите да се справат со катастрофалната состојба, беа огромни. По нивното преселување по прифатни центри и студентски домови, сè што им требаше беше хуманост и солидарност.

Граѓанските активисти преку социјалните мрежи се мобилизираа и волонтираа речеси без престан, да се санираат дворовите, да се ичистат поплавените куќи однатре, да се помогне со сместување на настраданите, преку организација на хуманитарни акции и изложби, преку апели до надлежните институции… Од друга страна, Црвениот Крст обезбеди по 13.000 денари  за секое настрадано семејство во поплавите. Владата, преку надлежните министерства, обезбеди сместување, но одвои и по 500 евра за настраданите…

Комисијата за проценки на штетите излегуваше на терен и изврши проценка во 6.000 домови. Но, колку од нив, навистина се обештетени?

Со оглед на жестоката борба на политичко поле во пресрет на предвремените парламентарни избори минатата година, институциите останаа нефункционални, партиите се бореа за внимание, а хуманите луѓе даваа сè од себе, да ги надминат сите политички интриги и да помогнат во санирање на штетите од поплавите, што надлежните ги претставуваа дека се случуваат „еднаш во илјада години!“.

На сета неволја, ЦИВИЛ Медиа сведочеше  и за искористување на маката на граѓанките и граѓаните во предизборна кампања. И дискриминацијата по партиска линија, во делење на хуманитарна помош, партиското агитирање при распределбата во сместувањето на настраданите, беа дел од проблемите што ги посочија тогаш жителите од поплавениот регион.

Денеска, дел од настраданите сè уште се сместени по студентски домови и прифатни центри, без решен статус и без обештетување. Во студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“  заборавени од институциите, до неодамна останаа три жителки од поплавените подрачја.  И тие ги обвинија институциите за негрижа и неажурност.

Но, очекувањата за исплата неретко се се сведува вистинска институционална гологота. И додека претходно Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нивната политичка борба за опстанок, беа главна причина за гнев и револт, со промените на власта, граѓанките и граѓаните со нова надеж очекуваат дека нивните случаи ќе влезат во процедура.

Сепак, во ЦИВИЛ – Центар за слобода и по една година се јавуваат граѓанки и граѓани, барајќи совет и помош како институционално да го решат проблемот со обештетувањето за нивните поплавени домови.

Најголемите поплаки од граѓаните доаѓаат за локалната самоуправа и за надлежните комисии што треба да одлучат за обештетување и да  решаваат за спорните случаи. Според нив, тоа што на централно ниво се сменила власта, не менува ништо во односот на локалната власт кон граѓанките и граѓаните.

За жал, очекувајќи дека по 11 години под режим, е и нормално е промените да одат бавно, многумина од настраданите жители, во надеж на остварување на своите права, кога-тогаш, сè уште се двоумат да зборуваат јавно. Им даваат уште една шанса на надлежните институции да преземат итни мерки, но очекуваат, пред сè хуманост, во решавањето на случаите на настраданите жители од поплавите.

Експертите, по минатогодишната катастрофа, препорачаа дека се потребни промени во легислативата, зајакнување на институционалните капацитети, вложување во научните институции, прифаќање на препораките од независни експерти и изработка на долгорочни анализи врз база на новите состојби на терен што настанаа од поплавите, но и учење од гршките, за да не се повторат, при следните временски неприлики.

Обезшумувањето на Скопска Црна Гора и лошата инфрастуктура на Скопската обиколница, се дел од причините поради кои се случија поплавите. На обиколницата сè уште се работи. Дождови за среќа нема…

Биљана Јордановска

 

Tags: експертиКомисија за проценки на штетилокална властнастраданипоплавиСкопска обиколницаучење од грешкитечовечки фактор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ