• Latest

Екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи

May 8, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи

May 8, 2018 12:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на националното управување со шумите во Република Македонија со воведување нови практики и технологии за да се зајакне и прошири заштитната функција на шумите и да се намалат ризиците од природни непогоди. Надградба и проширување на функциите на постоечкиот Македонски информативен систем за шумски пожари-MKFFIS. 

Ова се основните резулатати кои се очекува да бидат постигнати преку проектот за градење капацитети за eкосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Еco-DRR) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија -JICA.

Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку изјави дека се работи за голем проект со кој одредени региони од Македонија ќе бидат пошумени или ќе има т.н. еко пошумување со ќе се намалат ризиците од ерозија и од поплави. Посочи дека локациите каде ќе се пошумува веќе се избрани и наскоро ќе бидат објавени.

– Ние веќе имавме проект MKFFIS со JICA, кој го споделивме со земјите од Западен Балкан и станавме водечка институција во овој дел на Европа, рече Буџаку по отворањето на воведниот семинар од проектот.

Постојаниот претставник на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) од балканската канцеларија од Белград Хидеја Кобајаши изјави дека се надлежни за државите од Западен Балкан и за Македонија.

– Овој проект е пред се за намалување на ризици од катастрофи, како што се суши, поплави и други природни непогоди. Со овој проект ќе се зголемат капацитетите на државата за справување и рано предупредување од ваккви природни катастрофи, рече Кобајаши. Додаде дека проектот поддржува и активности за пошумување.

Проектот ќе трае четири години. Од македонска страна покрај ЦУК ќе бидат вклучени и ЈП „Македонски шуми“, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управта за хидрометеоролошки работи, Секретаријатот за европски прашања, Шумарскиот фкаултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. (МИА)

Tags: “Македонски шуми“Агенција за меѓународна соработка на ЈапонијаМакедонски информативен систем за шумски пожариМинистерството за животна средина и просторно планирањеЦентар за управување со кризи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ