Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган сака лична средба со германскиот канцелар Ангела Меркел за да се поправат односите меѓу државите. Тоа синоќа го изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на средба со германски новинари.
Според него, Ердоган би сакал да ја покани Меркел во Турција откако ќе завршат преговорите за формирање нова германска влада или евентуално тој самиот да отпатува во Германија.
Германско-турските односи се нарушени по обидот за преварат во 2016 година. Дипломатот нагласи дека Ердоган неколкупати разговарал по телефон со Меркел и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Големи тензии предизвика и апсењето на германскиот новинар Дениз Јуџел, кој речиси 11 месеци е во турски затвор без да биде обвинет какво било дело.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.