Во синоќешниот телефонски разговор претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин се согласија дека е погрешна одлуката на САД за повлекување од Договорот за иранската нуклеарна програма.
Ердоган и Путин разговарале и за ескалацијата на тензиите во Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Вашингтон се повлекува од Договорот потпишан во 2015 година, бидејќи Иран не ја почитувал Спогодбата и оти понатаму претставува закана за САД и сојузниците на Блискиот Исток. (МИА)