• Latest

Естетика на самоубиство!

November 27, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Естетика на самоубиство!

November 27, 2017 16:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќерките се слаба точка на нивните татковци. Тие се светот, почетокот и крајот на сè. Од друга страна, совршениот херој на секое девојче е нејзиниот татко. Исто така, првата љубов која ја чувствува една девојка кон машкото, е љубовта кон нејзиниот татко.

пишува: Латиф Мустафа

Од многуте коментари во врска со пресудата на Ратко Младиќ, веста што ми остави впечаток и ме поттикна да размислувам за љубовта, смртта и предавството е веста за неговата ќерка, Ана Младиќ, која извршила самоубиство во 1994 година. Ратко Младиќ и неговата ќерка, врз база на тоа што се пишува, имале голема и света љубов меѓу себе. Но, неговата ќерка Ана при еден семинар што се одржал во Москва, на средба со еден бошњак дознала за првпат кој е навистина нејзиниот татко. Како што минувале деновите, во облик на еден речиси совршен церемонијал, со пиштолот на нејзиниот татко, кој тој го добил како подарок за завршување на воена академија, Ана му става крај на својот живот. Нејзиниот татко никогаш не му веруваше на ова самоубиство, но чинот на извршувањето и испратената симболика до нејзиниот татко е драматичен со еден трагичен жаргон што не  секоја ќерка го прави во име на вистината на љубовта.
Да се поима еден татко како што бил Ратко Младиќ е тешко, па дури и незамисливо. Ратко за неговата ќерка бил божество, кој во една форма го има страшно изневерено својот поданик. А за Ратко, Ана била божица. Во знак на протест за направените зла кој ги извршил рoбот, Божицата решила да се самоубие и да го казни рoбот, со своето Непостоење.

Каква љубов!? Една ќерка се самоубива за злоделата што ги направил нејзиниот татко. Еден Бог кој се срами од злоделата на рoбот, се самоубива за да ја докаже цената на љубовта.
Ужас! Грозно, бидејќи гревовите на родителот не ги наследува синот или ќерката. Влијанието на општеството? Не, беше време на лажни херои, можеше лесно да се прелаже па дури и да се придобие. Но, не! Можеби еден протест кон предавството и општествените илузии кои владееја. Нејзиното самоубиство, наликува на обид да се зачува светоста на љубовта. Да масакрираш мајки, деца, старци и да се преправаш дека шириш љубов? Самоубиството на Ана е силен момент, израз на верноста кон чистотата на љубовта, беспрекорна и длабоко божествена, но еднострана. Овој култ на љубовта можеше да го спаси само жртвувањето.

Љубовта кон еден татко, соголена од човечките мани. Но, шизофренијата на Младиќ досегна и подалеку, наместо да се покае, неговото „ремек-дело“ го изврши една година подоцна, во Сребреница, таму каде уби многу соништа, цимолења и човечки љубови.
Најинтересни се расистичките коментари од кои доаѓам до заклучок дека не можеме да ја разбереме универзалноста на човечкиот дух како уникатна и еквивалентна. Гревот на злобниците не се наследува и не може да се обвинуваат народите, комплексот на наследството на гревот на Адам како дух и општествено мнение е добро да се отстрани и проблемите да се индивидуализираат, иако нивните размислувања се продукти на системот кои во одредени историски периоди креираат кризни мненија и го вадат човечкото од субјектот, при што често ни наликуваат и ни се претставуваат како „колективно лудило“.

Од овој аспект ни Албанците не би биле подобри од Србите. Доволно е да се потсетиме на масакрите на Албанските војници на ИСИС, за да го кршиме митот на албанската „чистота“ и нејзината способност да биде објект на масивно убиство.

Ние сме како сите човечки битија, љубиме, убиваме и бидуваме убивани!
Живееме по рабовите на мечот. Потребата за да сочувствуваме денес никогаш не била по потребна. Доволно е да се земе примерот дека нашето предавство кон човечкото, преправањето во љубовта и лицемерието, може да заврши со смрт на нашите најмили, кои преку нас се обидуваат да најдат починка и утеха, а нас, од херои може да не претвори во предавници, дотолку повеќе кон тие кои ја објективизираат љубовта во нашата физичка присутност. Да ја поттикнеме љубовта, инаку и Господ ќе се срами од својот роб!

Tags: Ана МладиќБоснагеноцидРатко МладиќРекасамоубиствоСребреницататко
Share96TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ